11:24 - 12 ноември, 2026

Меган постојано го допира грбот на Хари, а стручњаците за говор на телото откриваат што сака да постигне со тоа

Секој пар има свои тајни кодови, но кога сте во центар на вниманието на јавноста, невербалната комуникација можеби е најважна.

Хари и Меган изгледаат како да изведуваат перформанс, со низа добро извежбани допири, кои изгледаат како да си сигнализираат еден на друг како да се однесуваат, пишува Дејли мејл.

Profimedia

Нивната последна серија ангажмани во кралското семејство не е исклучок.

На доделувањето на наградите на фондот Ендевор, Меган прво ја ставила раката на рамето на Хари, а потоа го повлекла назад за да може да оди пред него. Потоа Хари ја ставил раката на грбот на својата жена за да и даде поддршка.

„Имаше доволно невербални сигнали за парот да може да стои на пилотска кабина, насочувајќи ги авионите“, пишуваат британските медиуми.

Раката на грбот е суптилна, но може да биде и средство за насочување.

„Ова е родителски гест кој исто така подразбира желба за контрола или управување“, вели Џуди Џејмс, стручњак за говор на телото.

Profimedia

Тајна контрола во „пат позиција“

„Во политиката е познат како пат на моќта, кога оној кој е во „пат позиција“ го подигнува својот статус спуштаќи го другиот. Раката на Меган беше цврсто на грбот на нејзиниот сопруг додека присуствуваше на приемот во Јужна Африка, при посетата на Биренхед, па дури и кога првпат се појавија како брачен пар во градината на Бакингемската палата. Ја стави раката на грбот на Хари и додека го носеше Арчи при првото појавување пред камерите – гест на мајчинско одобрување“, вели експертката за говор на телото.

Profimedia

Рака под рака

Меган и Хари никогаш не се плашат да не го почитуваат непишаното кралско правило за јавно искажување наклоност. Но позицијата рака под рака, според експертите за говор на телото има поинакво значење.

„Тоа значи близина и навестување дека сè уште се во романтичната фаза на љубовта“, вели Џули Џејмс.

Profimedia

„Меган ги удвојува сигналите на блискост наметнувајќи сопственост, како и осигурување дека таа е најважна во умот на Хари“, додава Џејмс.

Кога мирувате, држењето за рака не е баш практична опција. Наместо тоа, Меган и Хари се држат и за надлактиците (тој тоа го правеше како заштита додека Меган беше бремена). Во светот на говорот на телото тоа е „одвратен гест“, како мајка која сака да го запре своето дете додека бега, а таа зборува со пријателката.

Profimedia

„Тоа е нежен сигнал Чекај!, кога Меган сака подолго да разговара со домаќинот или дури и кога ќе се приклучи во раговорот што го води Хари“, вели Џули.

Profimedia
Profimedia

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....