7.8 C
Скопје
05:59 - 5 мај, 2024

Одлична вест за возачите – горивата со рекорден пад на цените!

Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе точат гориво по нови значително пониски цени откако на денешната редовна седница РКЕ одлучи да ја коригира цената на горивата согласно движењата на цените на светскиот пазар со црно злато.

Новата корекција донесува пад на цената на малопродажба на нафтените деривати во просек за 14,54 отсто што претставува рекорден пад забележан изминатиов период.

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 7,50 денари/литар и ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,00 денари/литар и од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг и ќе изнесува 21,934 ден/кг.

Нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради корона вирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас – посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

The post Одлична вест за возачите – горивата со рекорден пад на цените! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....