9.8 C
Скопје
15:29 - 31 март, 2026

Меган Маркл се врати со две ВАЖНИ СООПШТЕНИЈА: Еден проект почнува, од друг – се откажува!

По отстуството на мисата одржана во Лондон спомен на принцот Филип, војводите од Сасекс се враќаат на јавната сцена со две соопштенија за печатот за „важни општествени причини“: првото се однесува на родовиот диспаритет по враќањето на работа по ковидкризата, во второто – се најавува дека војвотката нема веќе да биде покровител на Мејхју, британска добротворна организација која се занимава со животни.

„Минатата недела, Националниот женски правен центар ни даде важна слика за влијанието што коронавирусот што го има врз жените и мајките“, се вели во објавата. „Иако мажите се вратија на своите професии на нивоата пред пандемијата, сега има 1,1 милион жени помалку во работната сила отколку во февруари 2020 година. За да се справи со ова, NWLC даде предлози за политика за закрепнување фокусирано на жените“.

Дополнително Меган Маркл на Спотифај ќе започне со поддршка не жените отворајќи важни прашања преку поткасти.

И додека војвотката од една страна најавува проекти што почнуваат, има и други што се затвораат. Во отвореното писмо, всушност, Меган објави дека повеќе нема да биде заштитничка на Мејхју, британска добротворна организација која се занимава со животни.

„Пред четири години истражував разни здруженија за да волонтирам“, пишува војвотката, „и мојот драг пријател Оли Јуст, бихевиорист за животни, ме одведе во Мејхју. Од тој ден споделивме многу работи заедно“.

„Тој знаеше дека, покрај нивните програми за вдомување и спасување, јас се вљубив во нивната длабока љубов кон заедницата во целина“, додава Меган. „Сега кога Оли го нема, знам дека пораката што ја остави за животните е исклучително едноставна: само сакајте ги. Затоа ќе го создадеме организацијата Оли Јуст во Мејхју, за да сакаме и да не заборавиме“.

„Моето покровителство заврши, но не и мојата непоколеблива поддршка за оваа кауза. И ги охрабрувам сите да го сторат истото, бидејќи емоционалната поддршка што ви ја дава вдоменото  животно е неспоредлива: не сте вие ​​што го спасувате него, туку тоа ве спасува вас“.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....