00:26 - 2 февруари, 2026

Меган и Хари со заработката ги надминаа Кејт и Вилијам!

Меган Маркл и принцот Хари би можеле да заработуваат по неверојатни 85.000 фунти за секоја објава на Инстаграм, судејќи според една влијателна маркетинг платформа, пишува The Sun.

Војводата и војвотката од Сасекс сега имаат цел да станат финансиски независни, откако го напуштија кралското семејство, а може да го искористат Инстаграм за зголемување на своите приходи. Како што пренесуваат странските медиуми, нивниот профил „@SussexRoyal“ кој има 11,2 милиони следбеници, би можел да им носи по 85.271,19 фунти за секоја спонзорирана објава.

Овој податок се темели на анализите за тоа како профилот расте од одделувањето на Хари и Меган. Месец дена после објавата за нивното напуштање на кралското семејство, профилот пораснал за 9,7%. Споредбата е тоа што претходните месеци тој растел само 1,6% месечно.

Profimedia

Потенцијалната заработка на Меган и Хари би била поголема од заработката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, со оглед на тоа што профилот „@KengsingtonRoyal“ има заработка од 40.744,97 фунти по спонзорирана објава.

Всушност, нивниот инстаграм-профил нагло пораснал, бидејќи луѓето ширум светот сакаа да го видат нивниот премин кон новиот начин на живот. Војводата и војвотката од Сасекс, се уште смислуваат како ќе заработуваат, а кралицата оваа недела им забрани користење на кралските ознаки.

Откако вложија десетици илјади долари за да направат нова веб-страна на „Sussex Royal“ и заштитни знаци, Меган и Хари не смеат да го користат својот напреден бренд. Парот сега се соочува со ребрендирање на својата веб-страна и својата добротворна организација „Sussex Royal“.

Profimedia

Тие двајца беа зафатени со ставање на ознаката „Sussex Royal“ на различни работи, од пенкала до чорапи, сето тоа уште од јуни. Исто така, основаа и нова веб-страна на која во живо го издадоа своето бомбастично соопштение.

Хари веќе потпиша договор за серија од 6 епизоди која ќе ја продуцира со Опра Винфри и која се фокусира на менталните болести.

Исто така, се појавија и други потенцијални понуди. Всушност, главниот директор за Нетфликс содржината, Тед Сарандос, призна дека овој медиумски гигант ќе биде отворен за соработка со познатиот пар.

Слични објави

„Мојата бременост ќе го врати“: Каспер летна за Америка, Мина Костиќ го бакнува

Еспресо

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо
Се вчитува....