Хари и Меган Маркл објавија на својот службен профил совети како да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот. Всушност, во прашање се упатствата за постојано миење на раци, придржување на мерките за хигиена, избегнување допир на лицето, јавување на надлежните служби доколку се појават симптоми, дистанцирање…
Сепак, овие совети не добија добар одговор. Повеќето коментари се однесуваа на тоа дека овие упатства се оддамна познати.
„Благодариме, прв пат слушаме за ова“, „Немаше да знаеме доколку ова не ни го рековте вие“, „Навистина?“, „Не живееме во пештера“, се само некои од коментарите упатени кон парот.
Инаку, овој пар има преку 11 милиони следбеници на Инстаграм, а обрнаа внимание и на здравствените работници во првите борбени редови, па дури и објаснија фотографија од медицинскиот персонал.
„Каде и да се наоѓаат, сите сме неверојатно благодарни. Најдобар начин да ги поддржиме здравствените работнице е да не ја правиме нивната работа потешка од тоа што е, ширејќи ја заразата“, напишаа Хари и Меган, па потоа ги упатија следбениците да се информираат на официјалната страна на СЗО.