13:23 - 7 ноември, 2026

„Медена земја“ во „Еден на Еден“: Жителите на Бекирлија нè маваа со камења, не ни даваа да пиеме од нивната чешма! (ВИДЕО)

Многу оскаровски приказни, но и приказни од нивните патувања низ светот, раскажаа Тамара Котеска и Фејми Даут, креаторите на „Медена земја“ во „Еден на Еден“, а ќе ги гледаме во недела во 18.30 на Канал 5.

Интересно е што во истата емисија имаме и специјално интервју со Новак Ѓоковиќ за „Еден на Еден“.

Фото: Промо

„ Би сакал наскоро да дојдам во Македонија. Многу слушав за Скопје и за Охрид од моите родители“, порача тенискиот Ас. Ноле зборуваше за подготовката за Олимпијадата во Токио, за делот кога ќе го понесат емоциите и лутината и му се случува да скрши рекет и да опцуе, и на други интересни теми.

Тамара и Фејми на Жаре му раскажаа каков е Холивуд одблиску, а тој ги пречека со специјален рап, приказна за целата екипа на „Медена земја“ и за Атиџе Муратова.

– Долби тетарот не е толку голем и грандиозен колку што изгледа. Ако за време на рекламите заминеш во тоалет или на пауза и не се вратиш на своето место додека траат, друг ти го зема местото – раскажа Тамара. Фејми откри и дека требало да помине доста време додека ги придобијат дел од жителите на селото Бекирлија да го снимаат документарецот на нивен терен.

– Нè маваа со камења, нe ни даваа да пиеме од нивната чешма – рече кинематографот.

Дел од нивните анегдоти се и за оскаровските забави и најавата дека „Медена земја“ и Атиџе наскоро ќе бидат дел од сликовница за деца. Во продолжение погледнете две интересни видеа како најава за шампионската емисија во недела, едното од Ноле, едното од „Медена земја“.

Погледнете ги најавите:

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....