8.8 C
Скопје
11:38 - 1 април, 2026

Марија Шерифовиќ одржа концерт и покрај коронавирусот, па заврши на инфузија…

Како резултат на новонастанатата ситуација со коронавирусот, покрај во странство, сега и кај нас и во другите земји од регионот се откажуваат јавни собири и музички настани. Меѓутоа, српската пејачка Марија Шерифовиќ и покрај предупредувањата продолжи со своите концерти.

– Никогаш не би го ризикувала здравјето на луѓето, но мојот концерт нека биде гласна борба и поддршка за сите луѓе кои се борат со коронавирусот. Со песна и позитивна енергија ќе се молиме за сите луѓе во светот – порача пејачката пред концертот.

Иако фановите се воодушевија од нејзиниот потег и настап, пејачката сепак по два одржани концерти во Сава центарот заврши на инфузија, а како што јавуваат српските медиуми, поради вртоглавица и исцрпеност таа побарала помош од медицински лица.

Сепак, како што открива извор за српските медиуми, пејачката по прегледите истакнала дека се чувстува добро и дека нема проблеми со здравјето.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....