15:59 - 3 ноември, 2026

„Малку работа, малку Пуља“: Катарина Ивановска ужива во Италија со песна од Тамара Тодевска     

Топ-моделот Катарина Ивановска престојува во италијанскиот регион Пуља, каде што работните обврски ги спои со уживање покрај море.
Ивановска објави серија фотографии од живописниот југ на Италија, а на дел од нив може да се види и атмосферата од снимањето. На една од фотографиите таа позира пред морето додека зад камерата е тимот со кој работи.

„Малку работа, малку Пуља“, напиша таа покрај објавата.

Интересен детаљ е и изборот на музика со која ја придружи објавата, песната „Кукла жива“ на нејзината блиска пријателка Тамара Тодевска.

Катарина и Тамара со години не го кријат своето блиско пријателство и често споделуваат заеднички моменти, патувања и дружења со своите деца.

Колку се блиски покажа Тамара минатата година, кога за роденденот на Катарина објави серија нивни заеднички фотографии и ја нарече „супер мајка и супер другарка“.

Ивановска, која зад себе има богата интернационална манекенска кариера, уште како средношколка заминала во Њујорк и соработувала со познати светски модни куќи и дизајнери. Денес, покрај професионалните ангажмани, голем дел од времето им го посветува на своите деца Вања и Кира.

Токму за балансот меѓу кариерата и мајчинството таа во интервју за „Слободен печат“ искрено рече:

„Јас свесно жртвував највозбудлив дел од младоста за професијата и затоа решив дека нема да го пропуштам мајчинството и времето со моите деца.“

Во друго интервју Ивановска зборуваше и за она што ѝ е важно во животот, велејќи дека е среќна и дека не познава човек кој може без љубов, без разлика за каква љубов станува збор.

За престојот во Пуља, судејќи според фотографиите, Катарина овојпат успеала да го најде токму тој баланс.

Слични објави

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.

(Фото) Цеца е горда на најстариот внук: Тренира еден од најпопуларните спортови и реди успеси

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви како ангел на „Викторијас сикрет“ — Марија Панчева во гламурозно издание за Ноќта на вештерките

Еспресо

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.
Се вчитува....