18:04 - 3 ноември, 2026

„Може да пее по дома, дует не доаѓа предвид“: Дарко Лазиќ искрено за идејата да снима дует со сопругата Катерина

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ ги сумираше впечатоците од тазе одржаниот Шабачки собор и во отворен разговор говореше за својот брак со сопругата Катарина, односот со поранешните партнерки, децата, но ги коментираше и гласините дека долгогодишниот бенд го напуштил.

Големо изненадување за сите беше кога неговата сопруга Катарина зеде микрофон за време на настапот, но Лазиќ брзо стави крај на шпекулациите за нејзина кариера:

„Каќа пееше порано, но престана одамна. Дует не доаѓа предвид, бев краток и јасен околу тоа. Може да пее дома. Таа толку се занесе што рече: ‘Ете гледаш, не е лошо, можеме да работиме заедно’, но јас само реков — не“.

Пејачот ги демантираше и приказните дека бендот си заминал од него поради судир, објаснувајќи дека едноставно се разишле бидејќи некои работи веќе не се поклопувале, додавајќи дека останале во добри односи.

Лазиќ зборувае и за семејниот живот, истакнувајќи дека неговите ќерки Лорена и Срна се многу талентирани за музика, додека синот Алексеј повеќе го влече спортот, што посебно го радува. За односот со сопругата истакна дека се пронашле во сè и дека по сите грешки во минатото, конечно пронашол мир и стабилност.

Слични објави

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.
Се вчитува....