3.8 C
Скопје
21:15 - 20 декември, 2024

Македонската естрада се плаши од коронавирусот: Едни ги откажуваат настапите, другите чекаат на сопствениците на локалите! (ФОТО)

Поради корона-вирусот, Светската здравствена организација прогласи пандемија во целиот свет, нашите власти исто така прават сè што е во нивна моќ да го спречат ширењето на вирусот, поради кој досега низ целиот свет има преку 120.000 заболени лица и скоро 5.000 починати.

Една од главните мерки која се препорачува насекаде низ светот е да се избегнуваат масовни собири, па по примерот на неколку други земји, така и во нашата земја се забранија спортски натпревари во отворени и затворени простории. Исто така, забрането е да се одржуваат и музички концерти.

Фото: Инстаграм

Пред само неколку дена светската ѕвезда Малума ги откажа закажаните концерти во Солун, Атина и Тирана. Исто така, своите концерти ги откажаа и Мадона, Мајли Сајрус и групата „Перл Џам“.

Но, што се случува и со настапите на нашите домашни ѕвезди кои секој викенд се по дискотеките и клубовите низ нашата земја.

„Еспресо.мк“ реши да исконтактира неколкумина од нив и да ги праша дали воопшто планираат по примерот на светските ѕвезди и тие да ги откажат договорените настапи.

Фото: Промо

Први ги прашавме Александар и Дац. Тие ни кажаа дека се свесни за сериозноста на ситуцијата и дека сакаат да се борат против вирусот, а не да го разгоруваат.

Нашите настапи ќе бидат одложени додека не се создадат услови повторно да пееме за нашата публика. Наш совет: Слушајте ги само препораките на Министерството за здравство и не верувајте на квази-портали и политички конструирани написи. Колективната свест нека победи – одговорија двајцата.

Фото: Инстаграм

Исто така и познатата рок-пејачка Дани Димитровска ги откажува своите закажани концерти.

Закажаните концерти во Прилеп (Дом на култура, 14.03) и Куманово (Дом на култура, 21.03) ги откажав во надеж дека свеста и одговорноста ќе се дигнат на највисоко ниво за да замре овој вирус. Исто така концертот закажан на 04.04 во Кавадарци (Дом на култура) е сè уште во мирување исчекувајќи го позитивниот исход од периодов на вонредна состојба – ни рече Димитровска.

Фото: Инстаграм

И Панчо од ДНК вели дека ги откажува своите многубројни настапи. Според него, ова е сериозна ситуација и смета дека свеста ни е на многу ниско ниво.

– Според мене требаше да се затворат сите кафулиња и дискотеки во овие 14 дена кои ги препорача Министерството за здравство. Да, јас се плашам за моето здравје и здравјето на другите. Но кога сите работат, не можам јас да го откажам настапот, бидејќи би се налутиле сопствениците кога веќе имаме договорени датуми. Подобро е 14 дена да се изолираат сите и после да продолжи сè како што треба, отколку вака да се влече и секогаш да постои страв. Секогаш ќе има некоја „будала“ која нема да сака да седи дома и нема да сака да се изолира. И јас сум бил млад и не ме интересирало ништо и не сум слушал никого. Претпоставувам и сегашната младина е таква поради годините. Упатувам апел дека треба сè да се затвори, но и да се субвценционираат сопствениците на кафулиња и дискотеки, бидејќи трпат економски загуби – беше искрен Панчо.

Фото: Инстаграм

Младиот пејач Огнен Здравковски има сличен став како и Панчо. Тој вели дека доколку сопствениците на локалите решат да затворат, тој би ги поддржал.

Пред сè јас сум голем професионалец кога станува збор за работа и сакам да си го исполнам и изработам ветеното, ама нормално, здравјето пред сè – вели Здравковски.

Фото: Инстаграм

Познатата фолк-пејачка Елена Велевска вели дека време е кога не треба да се размислува на заработувачка или слично.

Нема ништо да изгубиме ако не настапуваме неколку недели. Најважно во овие моменти е здравјето на луѓето. Јас веќе ги откажувам моите настапи кои ги имав договорено – ни изјави Елена.

Фото: Инстаграм

За разлика од Елена, нејзината колешка Адријана Кеш планира да ги откаже сите свои настапи.

Денеска контактирав со повеќето од сопствениците и бидејќи ситуацијата е алармантна, моите настапи најверојатно ќе бидат откажани – ни кажа пејачката.

Инаку, постојат веќе неколку кафулиња, дискотеки и ресторани во Скопје, но и земјата, кои самоволно решија да ги откажат закажаните забави. Ваквиот нивен потег беше поздравен на социјалните мрежи, од каде што постојано се порачува да бидат затворени сите останати објекти каде има масовни собири на луѓе.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....