15:39 - 13 април, 2026

Мајли Сајрус сподели урнебесни снимки додека е во самоизолација! (ВИДЕО)

Поп-ѕвездата Мајли Сајрус моментално се наоѓа во самоизолација поради глобалната пандемија од коронавирусот, а во овие моменти таа се присети на нешто интересно. Всушност, во детската серија „Хана Монтана“, преку која се прослави, има многу сцени каде што главната јунакиња обрнува многу внимание на хигиената – се нервира поради прашина, се нервира бидејќи некое момче ја допрело, иде да пазари во паника… сето она што деновиве го прават луѓето ширум светот.

Пејачката на својот инстаграм-профил објави некои од тие сцени и на крајот упати порака:

„Бидете внимателни, имајте почит и сочувство спрема другите. Бидете човечни додека се спремате за самоизолација. Никому не му е потребно баш секое пакување од продавницата. Што повеќе натрупуваме, толку поскапи ќе бидат основните животни намирници и помалку достапни на другите. Ова е одличен момент да ја вежбаме самоконтролата. Тешко е да се донесат паметни одлуки во моменти на паника, но размислете два пати пред да одлучите да му подлегнете на стравот“, истакна пејачката.

Слични објави

Отако ја претепал партнерот, Ава Карабатиќ откри дека е бремена

Еспресо

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо
Се вчитува....