8.8 C
Скопје
12:24 - 1 април, 2026

МАЈКАТА И СЕСТРАТА НА РОНАЛДО СКРШЕНИ ОД БОЛКА: „Нашето мало ангелче е веќе во утробата на нашиот татко!“

По бројните славни личности кои го изразија своето сочувство и поддршка за фудбалскиот ас Роналдо и неговата девојка Џорџина, откако вчера го загубија новороденчето – едно од близнаците, се огласи и сестрата на Роналдо.

Сестрата на Роналдо, Катја Авеиро, на Инстаграм објави фотографија од Кристијано и Џорџина и напиша:

„Те сакам и моето срце е на твоја страна. Господ да се грижи за се и да го зајакне твојот чекор уште повеќе … Нашето мало ангелче е веќе во утробата на нашиот татко, а нашето девојче кое стои овде, силно и здраво, сè повеќе ќе не учи дека само љубовта е важна…“.

Мајката на Роналдо, Долорес Авеиро, исто така коментираше на Инстаграм со тажно „емоџи“.

Пораки за храброст и солидарност стигнаа до играчот од целиот свет на спортот. Неговиот тим Манчестер Јунајтед му изрази поддршка на фудбалерот: „Твојата болка е наша болка. Во моментов испраќаме љубов и сила до тебе и твоето семејство“.

И соиграчот Маркус Рашфорд на Твитер напиша: „Мислите се со тебе и Џорџина, брат. Многу ми е жал“. Другите соиграчи како Диогу Далот, Давид де Хеа и Алекс Телес одговорија со емотикони на објавата на Кристијано Роналдо.

ПОРАКИ за утеха и поддршка на Роналдо од славните: „Со тебе сме во оваа болка“, „Ти ги испраќам моите молитви“…

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....