13.8 C
Скопје
04:07 - 2 мај, 2024

Луди третмани на холивудските ѕвезди за да блескаат на Оскарите: Одат на ботокс за „неочекувани“ делови од телото

Познатите личности применуваат екстремни зафати за да изгледаат беспрекорно на доделувањето на престижната филмска награда. Тие често одат многу подалеку од свечена фризура, совршена шминка и долна облека што го обликува телото. Со недели, па дури и месеци пред доделувањето на Oскарите нивните распореди се исполнети со бројни естетски интервенции. Оваа година еден третман е особено популарен.

Пред овогодинешната церемонија армија пластични хирурзи од Беверли Хилс работеа напорно за да ги отстранат „намуртените линии“ (мимички брчки) и да ги пополнат образите и усните, но и да се справат со зголемената побарувачка за ботокс на прилично необичен дел од телото, пишува Дејли Мејл.

Годинава популарно е да се вбризгува ботокс во стапалата на ѕвездите за да им се овозможи да се движат удобно и што е можно полесно на црвениот тепих.

„Тие дами не одат да седат во театар. Ова е еквивалент на тричасовна прошетка низ град и треба да се издржи во тврдите ѓонови на чевлите. Смирувачките инјекции на филерите за стапала можат да ја ублажат оваа болка“, изјави д-р Ава Шамбан. Нејзини клиенти се Никол Кидман, Анџела Басет и Крис Кардашијан.

Инјекциите вклучуваат филер за стапала и ботокс за ублажување на болката и прекумерното потење.

„Сите што ги познавам го прават тоа. Како и секоја втора жена во светот бев во чекор со трендовите користејќи ботокс и филери за моето лице. Всушност, ги засилив третманите по пандемијата затоа што, благодарение на бројните повици на Zoom, сфатив колку лошо ми изгледа лицето. Бевме среќни што можеме да носиме маски за лице за да ги прикриеме тие мали корекции. Но потоа почна сезоната на награди и морав повторно да носам високи потпетици. Последните две години носев само апостолки и удобни чевли. Успеав да издржам неколку настани, но паднав во агонија. Имав страшни болки и го прашав мојот пластичен хирург дали може да направи нешто во врска со тоа, а одговорот беше филери и ботокс. Одлично е!“, изјави една од холивудските ѕвезди што сакаше да остане анонимна по тоа прашање.

Цената на третманот, како што открива д-р Шамбан, се движи помеѓу 1.500 и 2.500 фунти во зависност од тоа што и колку се инјектира.

„Како што старееме, ги губиме маснотиите и волуменот на сите делови од нашето тело. Тоа предизвикува вдлабнатини на образите и под очите, додека кај стапалата постепено ослабува подлогата, и тоа со болни последици“, објаснува таа.

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....