4.8 C
Скопје
05:21 - 19 април, 2026

Која е ЏЕДА ПИНКЕТ, сопругата на Вил Смит и зошто има избричена глава: „Навистина се тресев од страв!“

За време на церемонијата на доделување на Оскарите, Крис Рок ја праша Џедa Пинкет, сопругата на актерот Вил Смит, дали нејзиниот следен филм ќе биде продолжение на „Војникот Џејн“, филмот во кој Деми Мур играше војник и ја избричи главата, бидејќи Џеда има избричена глава. Овој црн хумот предизвика бурна реакција на нејзиниот сопруг кој му удри шлаканица на Рок.

ШЛАКАНИЦАТА на Вил Смит за Крис Рок – фокус на Оскарите: Држи го името на жена ми надвор од твојата еб*на уста!

Но, која е сопругата на Вил Смит и зошто таа има избричена глава?

Актерката има 50 години и на пошироката јавност и е позната по улогата на Ниобе во трилогијата Матрикс. Има избричена глава затоа што боледува од автоимуна болест, алопеција, што доведува до проретчување на косата, дополнително оставајќи ги областите на телото без влакна.

Пинкет за својата болест за прв пат отворено проговори во 2018 година, наведувајќи дека носела турбан токму затоа што страдала од проблем со опаѓање на косата.

Во таа прилика, Џеда Пинкет Смит објасни дека првичното откритие на болеста било застрашувачко: „Ја видов косата падната под тушот, останав со прамен во раката и се плашев да не оќелавам. Тоа беше еден од оние моменти во животот кога навистина се тресев од страв. Поради оваа причина, продолжив да ја шишам кусо косата која инаку, претходно беше во центарот на мојот ритуал за убавина“, рече таа.

Со текот на времето, американската ѕвезда успеала да ја надмине траумата и да започне да живее со болеста. „Се избричив до скалпот, инаку изгледа како да ми ја оперирале главата или нешто слично“, вели таа во видеото објавено на нејзината страница на Инстаграм. „Навистина верувам дека алопеција и јас ќе станеме пријатели. Во овој момент можам само да се смеам на тоа “.

Џеда Пинкет и Вил Смит се во брак од 1997 година и имаат три деца: Џејден, Треј и Вилоу.

По фразата од комичарот Крис Рок на сцената на Оскарите, Пинкет само ги преврте очите, но шегата го погоди силно Смит, кој не се смири: тој се упати кон сцената и му удри шлаканица на Рок, кој и во минатото се шегувал на сметка на болеста на Џеда.

„Џеда Пинкет Смит да ги бојкотира Оскарите е како да сум ги бојкотирал панталоните на Ријана“, рече комичарот Крис Рок за време на церемонијата на Оскарите во 2016 година. Цинизам кој сепак не ја оправдува реакцијата на Смит, кој го доби „Оскарот за најдобар актер за филмот „Крал Ричард“

 

Слични објави

Која е Оливија Понтон и зошто генерацијата Зет е опседната со неа?

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) – Како чоколадите на Жилиет Бинош во филмот „Чоколада“ ги омекнаа и најтврдокорните срца

Т.Ц.

Гламур на свадбата на Мелина Џиновиќ: „Џипси кингс“ ѝ пееја на ќерка ѝ на уво, на масата најскапо мени и олдтајмер од 330.000 евра

Т.Ц.

(Видео) Мадона се врати на „Коачела“ по 20 години: Приреди спектакл со Сабрина Карпентер и ѝ даде астро совет на публиката

Т.Ц.

Месечева диета: Водич за слабеење според месечевите мени

Т.Ц.

(Фото) Бресквица во Охрид – спортски стајлинг со луксузни детали од неколку илјади евра

Еспресо
Се вчитува....