14:41 - 17 јануари, 2026

Лидерите на Г7: „Путин ќе мора да одговора“, 16 смртни случаи и најмалку 59 повредени во трговскиот центар во Каменчук

125-ти ден од војната во Украина. Руската ракета која вчера погоди преполн трговски центар во Кеменчук, Украина, предизвика 16 смртни случаи и најмалку 59 повредени, додека центарот гореше  во пламен. Едногласна осуда на лидерите на Г7: „Путин ќе мора да одговора“.

Вчерашниот ден беше одбележан со руска ракета што погоди трговски центар во Кременчук во Украина, повеќе од илјада цивили бе заробени во објектот што изгоре, и предизвика 16 мртви и 59 ранети, но се смета дека бројките се поголеми.

Украинскиот претседател Зеленски обвинува: „Бесрамен терористички чин“, но едногласна осуда пристигнува и од лидерите на самитот на Г7 во Елмау, Германија: „Путин ќе мора да одговори“,
и ја повторија „нивната непоколеблива поддршка за Украина против руската агресија“, најавувајќи дека земјите од Г7 ќе продолжат „да обезбедуваат финансиска, хуманитарна и воена поддршка онолку долго колку што е потребно“.

По нападот на Кременчук, Киев бара и добива итен состанок на Советот на ОН. Остри зборови доаѓаат и од францускиот претседател Емануел Макрон, кој го осудува „апсолутниот хорор“ по ракетниот напад: „Ја споделуваме болката на семејствата на жртвите и гневот поради овој срам“, а се огласи и американскиот претседател, Џо Бајден: „Г7 ќе продолжи да го удира Путин онаму каде што најмногу го боли, за да го лиши од ресурсите што му се потребни за неговата нелегитимна војна“ во Украина.

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика руските научници да ја напуштат својата земја и да се преселат во Велика Британија. Говорејќи на самитот на  Г7, тој рече дека истражувачите „кои повеќе не се чувствуваат безбедни во Русија треба да аплицираат за да се преселат во земја која ја цени отвореноста, слободата и потрагата по знаење“.

Слични објави

(Видео) Жежок танц: Теодора Џехверовиќ замеша со колковите и го „запали“ интернетот

Еспресо

Драмата со Реља и Николија не стивнува! Другарка на наводната швалерка на музичарот изнесе шокантни детали

Еспресо

(Видео) Анастасија и Гудељ разменуваат нежности во кафеана: Тој цврсто ја прегрнува, заљубени како првиот ден

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јануари: Потребна ви е добра организација

apostolova

Кој е мажот со кого Едита Арадиновиќ чека бебе? Пукале по него, имал проблеми со законот, а денес нашол мир

Еспресо

Фризерот на Цеца откри шокантна вистина за ѕвездите од естрадата: „Секоја втора е ќелава!“

Еспресо
Се вчитува....