7.8 C
Скопје
23:22 - 31 март, 2026

Летаат пари на сите страни: Жаре Бербер и неговите пријатели од бендот направија хаос во кафеана (ВИДЕО)

Кога некој трае дваесет и повеќе години на естрадната сцена, значи дека вреди. За Жаре Бербер не треба да се трошат многу зборови.

Доволно е да се каже дека најдобрите забави изминатите години не поминале без него како главна улога. Впрочем, скопјани, но и цела Македонија тоа го знаат.

Деновиве Жаре е повторно актуелен со нова песна и спот, по промоцијата на неговата последна мелодија ,,Понекад”.

Фото: Принтскрин

Новата песна носи наслов „Циганко мала“, на која како автор на текстот и музиката се потпишува Горан Јованович – Топче, додека аранажманот е на Бобан Василевски од групата „Нон Стоп“. Песната е снимена во студиото „Speed Limit“.

За новата песна Жаре сними видеоспот на кој може да му подзавидат многу колеги од македонската естрада, па дури и од соседството.

– Идејата за спотот е моја, ја реализирав вложувајќи многу енергија и сè што е потребно за високо квалитетен спот. Со дечките од бендот одлучивме дека од сега па во иднина сите видеа ќе ги работиме во нашa продуцкија, бидејќи заклучивме дека ова е само еден показател дека човек може сè да направи кога ќе вложи многу љубов и енергија – изјави Жаре и додава:

– Ентериерот и гардеробата кои се дел од сцената се изработени за видеото да изгледа како да е снимено некаде во почетокот на минатиот век со цел да се прикаже убава и топла атмосфера во која сите уживаме – вели познатиот пејач.

Фото: Принтскрин

Во спотот може да се забележат илјадници денари, но се разбира, тоа се специјално направени за снимањето и истите се соодветно уништени.

Дека ова видео не е само обично видео говори и фактот што носи одредена порака, а Жаре за тоа ќе каже:

– Ова е видео во кое сакаме точно да ја прикажеме единствената поента на животот, дека љубовта е единственото нешто што може да ве измести од колосек и да ве натера инспирирани од нејзе да се препуштите на кафеанскотои и боемско уживање. Добрата чашка и добрата музика се со цел да ја заборавите љубовта на вашиот живот, која може да остави трага na вас.. Ваква ситуација во животот, верувам дека секој од нас барем еднаш ja почуствувал.

Погледнете го видеото:

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....