5.8 C
Скопје
05:38 - 1 април, 2026

Лејди Гага најави нов сингл: Дали пејачката стравува од конкуренција од подземјето на Лондон?

Пејачката Лејди Гага го најави нејзиниот нов сингл „Stupid love“, кој ќе бде објавен во петок на полноќ, па многумина мислат дека таа побрзала со тоа, бидејќи наводно „стравува од нова конкуренција“.

Конкуренцијата на славната Лејди Гага би можела да дојде од Шарлот Обери, пејачка која во последните неколку денови е актуелна на интернет, откако ја испеа познатата песна на Гага, „Shallow“, од филмот „A star is born“.

За потсетување, Обери беше дел од предизвикот кој кружеше на Јутјуб, кога еден странец ја замоли да отпее еден дел од стиховите на „Shallow“.

По ова, американската телевизиска водителка Елен Деџенерис ја повика во својата популарна емисија, каде Шарлот ја отпеа филмската нумера, а водителката и врачи подароци во вид на годишна карта за возење со лондонското метро, како и 10.000 фунти.

Лејди Гага нема објавено нов музички материјал уште од филмот „A star is born“, а на својот Твитер профил објави фотографија од билборд преку кој го најавува новиот сингл.

Нумерата ќе биде дел од шестиот студиски албум на пејачката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....