17:22 - 31 март, 2026

ЛАРА ИВАНОВА ЗАПЕА И НА МАКЕДОНСКИ: Ако ме поддржи публиката, ќе се пее на македонски јазик пред светот и Европа

Лара Иванова изненади со уникатен пристап со дури две јазични верзии на својата нова песна, со којашто моментално се натпреварува во изборот за македонски претставник на Евровизија 2022.

Песната е насловена како „Цвеќе на тагата“ (“Flower of Sorrow”), а за која вчера неочекувано и како изненадување за сите, таа објави „лирикс“-видео на македонската верзија на песната на својот Јутјуб канал:

Лара изјави јасен личен став и желба, доколку ја добие довербата на публиката на Конкурсот за избор на македонски претставник и песна што ќе нè претставува на Евровизија оваа година. Пеењето на свој мајчин јазик Лара го согледува како многу подобра опција од пеење на странски јазик, посебно кога станува збор за пеење на Евровизија и претставување на својата земја и култура.

– Јас умеам да пеам и на двата јазици, но сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Моќната нежност на една музичка изведба е целосен круг на автентична интерпретација на една песна, посебно балада каква што е „Цвеќе на тагата. Со македонската, којашто е всушност оригиналната верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија, изјави Лара.

Гласањето за омилен фаворит за македонски претставник на Евровизија 2022 трае сè до 04.02.2022 година и истото може да се направи на следниот линк: https://evrovizija.mrt.com.mk/.

 

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....