08:23 - 31 октомври, 2026

Кристина Арнаудова: „Времето на неписмени мочковци е почнато“

Популарната пејачка Кристина Арнаудова се огласи на социјалните мрежи лута на голем дел од медиумите. Таа вели дека е разочарана од тоа какви поткасти се пласираат во етерот и дека секој што има камера станал водител на поткаст. Како што додава, ја лути тоа што нема никаков критериум  за тоа кој го води разговорот и какви прашања се поставуваат.

Според Арнаудова, тие „неписмени мочковци“ што го водат разговорот, викаат познати јавни личности за да ги деградираат.

-Пошто сега секој што има камера може да биде медиум, времето на неписмени мочковци е почнато. Сите што не можеле да станат било што, сега имаат поткаст. И тие мочковци викаат јавни личности, реализирани и успешни и им се качат како пијавици и пробуваат со бедни и неписмени прашања да создадат популарност, неважно дека ќе те деградираат, ги заболе за вас – напиша таа.

Поради оваа ера на неписменост низ голем дел од медиумите, таа вели дека не би гостувала никаде.

Празни муабети се за празни глави – стои во објавата од Арнаудова.

 

 

Кристина е македонска пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп. Таа е претседател и основач на здружението за деца во социјален ризик „Проект Среќа“.

Слични објави

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо
Се вчитува....