3.8 C
Скопје
20:44 - 20 декември, 2024

„Ковид вирусот потекнува од Кина, но Русија го направи и го прошири“, нови сознанија за патот и потеклото на коронавирусот

Оригиналниот вид на коронавирусот не бил создаден од Кинезите во Институтот за вирологија во Вухан, туку во лабораторијата на Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“ во Русија. Бомбата беше лансирана од рускиот контраинформативен канал на Телеграм „Генерал СВР“, кој тврди дека привилегирани информации за Кремљ, наводно, управуван од поранешен генерал на руските странски тајни служби познат под псевдонимот „Виктор Михајлович“, ја раскажал позадината на случувањата. Не знаеме дали изворот на информацијата е веродостоен, но можеме да кажеме дека досега не само што вестите од овој канал беа релансирани од меѓународниот печат, туку и дека некои подоцна се покажаа како вистинити.


Имено, помеѓу крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, односите меѓу кинеското и руското раководство се интензивираа. Огромна количина на евтини и достапни синтетички дроги произведени во Кина се прошверцувани во Русија од Кина. Дел од испораките биле договорени од раководството на двете земји и патувале под контрола на ФСБ (руската тајна служба) преку Русија до Европа, некои африкански земји (човек на Путин таму е рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин), ји некои земји од поранешниот СССР. Но, некои од важните синтетички супстанци во Русија од Кина влегле без одобрение и довеле до катастрофални последици: широко распространета зависност од дрога, дури и кај најмладите, а следствено и зголемување на смртноста поради употреба на дрога во сите региони кои граничат со Кина. Проблемот потоа се проширил на национално ниво (иако – како што пишува – „нема да најдете никаква трага од него во официјалната статистика“).

Руските власти се обиделе да ја убедат Кина да престане со трговија со дрога надвор од договореното, но за возврат добиле само неисполнето ветување. Обемот на залихи, пак, пораснал. Така, Путин и Патрушев, секретар на Државниот совет, решиле да му одржат лекција на кинеското раководство организирајќи шверц на хероин и кокаин во Кина по багателни цени, но Кина брзо ги блокирала овие канали. Понатаму, односот на кинеското раководство кон Путин станал презирен, а тоа одиграло пресудна улога во одлуката на Путин да се одмазди.

Идејата за казнување на властите преку употреба на биолошко оружје ја презентирал Николај Патрушев за време на дискусијата што следела по состанокот на Советот за безбедност на 9 мај 2019 година меѓу Путин, Патрушев, Бортников, Шојгу и Наришкин. Патрушев немал едноставна идеја, туку вистински план. Тој предложил да се користи вирус направен од и во „Вектор“, руската виролошка лабораторија. Патрушев ги презентирал податоците дадени од креаторите на вирусот, објаснувајќи дека тој е создаден за употреба во земјите од Југоисточна Азија (поради некои рецептори преку кои вирусот навлегува во телото и за кои руските научници процениле дека се присутни во поголема мера во оваа население), дека стапката на смртност во целната група би била помеѓу 5 и 8%, додека кај другите групи помала – од околу 3%. Според Патрушев, епидемијата би траела од 3 до 6 месеци и, според неговите анализи, би предизвикала тешка политичка и економска криза во тој регион. Последен детал: Руските научници во меѓувреме  развиле и вакцина против вирусот и сакале да ја тестираат до октомври истата година. Така Патрушев го известил Путин, според контраинформативен канал на Телеграм „Генерал СВР“.

На 15 август 2019 година, бил изготвен и договорен специјалниот оперативен план и Путин го одобрил. Во втората половина на август, вработените во руската амбасада во Иран, користејќи ги врските со ИРГЦ (Исламска револуционерна гарда) и ветувајќи финансиска и политичка поддршка, го убедиле иранското раководство да учествува во специјална операција и го предале на ИРГЦ вирусот, кој го нарекле „вакцина“, за да се пренесе на кинеското разузнавање со назнака дека примероците биле пронајдени во тајна лабораторија во Ирак. И така поминало.

Помеѓу 20 и 29 август 2019 година, разузнавањето на ИРГЦ им ги дало примероците на кинеските колеги, раскажувајќи ја приказната за ирачката лабораторија. Кинеското разузнавање го префрлил вирусот во Институтот за вирологија во Вухан. Имало две групи вработени од Главната дирекција на Централниот штаб, кои пристигнале во Кина во септември и октомври 2019 година, кои ги заразиле вработените во институтот Вухан и нивните роднини на начин што изгледал како вирусот да избегал од лабораторијата од Вухан. Втората група, која пристигна во октомври, била неопходна бидејќи по „работата“ на првата група, руското разузнавање немало слушнато за никакви инфекции. Тоа не значи дека првата група не работела добро, туку само дека тогаш не можело да се потврди инфекцијата, па првите случаи можеле да се појават уште во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sputnik V (@sputnik_vaccine)

Но, има уште едно поглавје од оваа приказна. Раководството на Иранската ИРГЦ задржала некои примероци од овој вирус и ги пренела на проучување во лабораторија во Иран (првите случаи во Иран се појавија во октомври 2019 година). А на самиот почеток на 2020 година, еден од вработените во иранската лабораторија му дал примерок од вирусот (но и вакцина против вирусот направена во Русија) на својот пријател, канадскиот научник и доктор по имунологија Фору Кадем. ИРЦГ дознал за фактот на 8 јануари 2020 година, додека Кардем бил на летот PS752 заедно со вирусот и неговата вакцина, подготвен да замине од Техеран кон Киев.  ИРГЦ одлучил да не го симнува Кадем од авионот, поради страв од меѓународен скандал и непотребен публицитет, но не ризикувал, реши да го уништи авионот заедно со неговиот „товар“ (аледувала веста во меѓународниот печат: Авионот беше погоден со два проектила, Иранците рекоа дека е причина на „човечка грешка“).

Сега за последиците. Планот, настрана од непредвидените околности во Иран, бил успешен. Но, ниту Путин, ниту Патрушев, ниту креаторите на вирусот, ниту оние кои учествувале во развојот и спроведувањето на планот, не очекувале такви драматични последици: тој ги надмина очекувањата и се претвори во глобална катастрофа. Путин се исплашил од одмаздата на кинеското раководство и исчезнал во својот „бункер“, се изолирал, но потоа и неговата здравствена состојба се влошила.

Дали кинеската страна ги знае сите детали од оваа приказна? Денес, да. А како руското раководство ќе плати за ова, ќе дознаеме само во иднината.

Вакцината што ја смислиле научниците е познатата „Спутник V“: развиена е во 2019 година. Сите учесници во специјалната операција биле веќе вакцинирани, а кога во април-мај 2020 година стана јасно дека вирусот е опасен за сите , речиси цело руско раководство било вакцинирано.

Во септември 2019 година, плинска боца експлодирала во лабораториската зграда на Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, а се верува дека пожарот што следел уништил докази за создавање на вирусот во оваа институција.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....