-1.2 C
Скопје
06:38 - 11 март, 2026

КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ЦЕЛ НА ПОСТОТ: Почна велигденскиот пост, што тој значи? Чистење на душата и телото од телесни и душевни страсти…

Постот во православието зазема важно место и без него нема напредок во духовен и морален поглед. Вистинската цел на постот е чистење на душата и телото од телесни и душевни страсти.

Православниот пост значи воздржување од мрсна храна, што значи дека треба да се воздржуваме од употреба на месо, млеко и јајца, но и од воздржување од лоши мисли и дела. Во деновите на постот, исто така, треба да се откажеме од алкохолот.

Покрај духовното влијание врз човекот, постот има и неверојатно позитивно влијание врз здравјето.

Затоа, целта на велигденскиот пост е двојна – се однесува и на духовното и на физичкото.

Воздржувањето од мрсна храна е корисно за човечкиот организам, но не треба да се пренагласува телесниот пост во однос на духовниот пост што значи поставување на духовни цели, зајакнување на волјата и подготовка за исполнување многу потешки задачи.

Ако навистина постиме тоа значи и да ја покажеме љубовта кон ближниот, а подеднакво да изразиме милостина, да им помогнеме на посиромашните.

Постот носи и опасност – гордост и фалење, ако некој пости за да биде виден од другите, или опасност од чист формализам. ЗНачи, постот не е цел, туку средство за постигнување на повисоки цели.

Велигденскиот пост се смета за најстрог и најдолг од сите четири пости. Почнува денес, на 7.март и трае 48 дена, односно до Велигден.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....