11.8 C
Скопје
13:18 - 25 април, 2024

Која била Џејн Ро, односно Норма, жената која била искористена за легализирање на абортусот во САД

Во овие денови, кога Америка се соочува со новиот закон за забрана на абортусот, често се спомнува случајот „Ро против Вејд“ од 1973 година, кој е камен темелник за легализирање на абортусот во САД, и воопшто за правата на жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M Le magazine du Monde (@m_magazine)

Меѓутоа, малкумина ја знаат приказната за Џејн Ро, шампионката на женската слобода. Џејн Ро е само псевдоним на жената со име Норма Мекорви. Синонимот се корисел за време на судењето за да се заштити приватноста на вистинскиот субјект, односно на Норма Мекорви. Но, која е Норма Мекорви?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USA TODAY (@usatoday)

Норма Леа е родена на 22 септември 1947 година во Луизијана, но пораснала во Тексас. Детството и адолесценцијата ѝ биле многу тешки. Врската меѓу родителите, со потекло од Чироки и Кајун, била бурна. Таткото заминал од дома кога Норма имала осум години, а последиците се тешки: детето не продолжува со школување и веќе на десет години работи како шанкерка. Откако побегнала од дома, на шеснаесет години се омажи за Вуди Мекорви, насилен човек. Се разведува и, со различни мажи, има две деца, двете сместени во дом за згрижување. Алкохолот и дрогата стануваат нејзино засолниште, но страда и од напади на депресија и обиди за самоубиство. Запознава друг маж, повторно забременува и некои пријатели ја убедуваат да оди на суд за да побара абортус, велејќи дека е силувана. Всушност, во тоа време Тексас дозволувал легален абортус само во случаи на силување и инцест.

Меѓутоа, Норма не успева да прикаже доволно докази за да го поддржи наводот за силување, и затоа нејзиното барање е одбиено. Токму во тој момент на сцена стапуваат две адвокатки, Линда Кафе и Сара Ведингтон, кои, иако знаеле дека Норма лажела за силувањето, решаваат да го искористат тажниот случај (техника која нашироко се користи за легитимирање на абортусот) и да поднесат жалба до Окружниот суд во Тексас за поддршка на тужбата која, надминувајќи ја аферата на Норма, сака да го потврди слободниот избор на секоја жена да абортира.

Тоа се случувало во 1970 година, а НормаМекрови стана Џејн Ро од причини да ја сочува приватноста. Окружен обвинител во Далас, Тексас, бил Хенри Вејд, познат по тоа што седум години претходно, во 1963 година, го обвинил Џек Руби за убиството на Ли Харви Освалд, за кој се верува дека е атентатор на претседателот Џон Ф. Кенеди. Така, процесот го добил името „Ро против Вејд“.

Врз основа на толкувањето на уставниот амандман, деветнаесеттиот, според кој списокот на индивидуални права може да биде дополнет со други права кои не се конкретно споменати во Уставот, Окружниот суд се согласил со Норма Мекорви. Адвокатот Вејд потоа поднел жалба до Врховниот суд, а Врховниот суд, по три години дебата, во 1973 година, со гласање на седум судии „за“ и двајца „против, го уважува барањето на Норма Мекорви (позната како Џејн Ро). Но, со каков аргумент? Врз основа на новото толкување на амандманот, овој пат четиринаесеттиот, во однос на правото на приватност сфатено како право да се носат одлуки кои се однесуваат на сопствената приватна сфера, без државата да може да дејствува неограничено против лицето за кое станува збор.

Во 1989 година Норма беше преземена од друга адвокатка, Глорија Олред, која ја направи јавна личност, трансформирајќи ја во шампионка на феминистичката кауза и абортусот.

Години подоцна Норма се присети: „Бев неука, пцуев, не знаев да се облекувам, не можев да припаѓам на светот на младите дипломирани студенти на Харвард кои ме држеа скриена во толпата за време на маршот за абортуси во Вашингтон. Тие го извикуваа името на Џејн Ро, но претпочитаа да останам во задниот дел“.

Норма Мекорви не се грижеше за тоа што името на Џејн Ро стане заштитен знак за исполнување на идеолошки цели. Феминистките ѝ најдоа административна работа во клиниката за абортус, а тука Норма, веќе зависничка од дрога, ги поттикнува жените кои се двоумот за абортус, да абортираат, зборувајќи им дека тоа што го носат во себе не е бебе „туку само пропуштен менструален период“.

Сепак, работата во клиниката за абортус набрзо станува неподнослива. „Кога отидов во таканаречената студена соба и ги видов парчињата, нозете и главите на фетусите, во тегли, доаѓав дома и се опијанував’ – се сеќава свевремено таа.

1995 е годината кога за Норма (како што ќе раскаже во нејзината книга „Won by Love“) доаѓа пресвртната точка:

„Седев во канцеларија кога забележав плакат на кој се прикажува развојот на фетусот. Растот на фетусот беше толку очигледен, очите беа толку слатки! Срцето ме болеше само гледајќи го. Истрчав од собата и си реков: Норма, во право се. Нешто во врска со тој постер ме натера да немам здив. Постојано ја гледав сликата на тој мал ембрион стар десет недели и не можев а да не кажам: ова е бебе! Како да ми падна ролетна пред очите. Се чувствував здробено. Тоа беа деца убиени во утробата на мајката. Сите тие години грешев. Целата моја работа во клиниката за абортус беше погрешна. Ми стана јасно, болно јасно“ – се сеќава Норма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norma Leah McCorvey (@normamccorvey)

Токму во 1995 година, пречесниот Филип Бенхам го преселил седиштето на „Операција спасување“, организација против абортус, во близина на клиниката каде што работела Норма, а жената била напаѓана од активистите кои го бранеле животот на неродените деца. И им се приклучила.

Така, Норма се крстела во Методистичката црква, а неколку години подоцна, станла католик.

Подоцна таа рекла: „Јас сум стопроцентно за животот. Не верувам во абортус, дури и во екстремни случаи. Ако жената забремени од силување, тоа во неа е сè уште дете. Не можете да се однесувате како да сте вие Господ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norma Leah McCorvey (@normamccorvey)

Кога Норма Лиа Мекорви умира на 18 февруари 2017 година, на шеесет и девет години, Њујорк Тајмс се сеќава на неа со изјавата дека во текот на четириесет и четирите години, од 1973 година, имало над педесет милиони легални абортуси во Соединетите држави. Огромен масакр, роден на парадоксален начин, од битка во која главната протагонистка, изманипулирана, никогаш вистински не се препознала во Џејн Ро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USA TODAY (@usatoday)

Слични објави

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо
Се вчитува....