13.8 C
Скопје
09:38 - 27 април, 2024

Кој стои зад патувањето на ВИЛИЈАМ и КЕЈТ на Карибите: Ниеден фустан не е случаен, ниедно движење не е непредвидено!

Зад секоја кралска турнеја се крие високо ефикасна организациска машинерија: година на подготвителна работа, проследена со „теренски операции“. Турнејата е надгледувана од лојален тим кои мора да се осигураат дали сè фунционира без проблеми и да се тука, на лице место, за заштита во случај на неочекувани настани.

Секогаш беспрекорниот избор на фустаните на Кејт Мидлтон. Строго почитување на агендата и програмата за патување. Зборови, внимателно избрани до еден, до говорите на принцот Вилијам. Сè, во турнејата на Карибите на Војводите од Кембриџ беше следено чекор по чекор од лојална придружба кои ја придружуваа кралската двојка на нивната (тешка) мисија во поранешните колонии.

Петнаесет луѓе, од личниот фризер на војвотката до менаџерот на социјалните мрежи на војводите од Кембриџ, се одговорни за успешното патување на Вилијам и Кејт во Белизе, Јамајка и Бахамите. Вистински А-тим, пишуваат британските весници, без кој војводите никогаш немаше ни да си заминат на ова патување.

Организацијата на кралска турнеја (без разлика дали е долга или кратка) бара најмалку една година подготовка и е менаџирана врз основа на одлука на британската влада или на покана на земјата домаќин. Дури и маршрутата никогаш не е случајна: секој град, компанија или институција што ќе добие чест на кралска посета е избран врз основа на причини од национално значење на кои владата сака да го фокусира своето внимание.

Секако, мора да се размислат и пресметаат и движењата при патувањето, ризиците поврзани со безбедноста (на гостите и на домаќините), моментите за посветување на новинарите и оние на (лажното) слободно време. Голема посветеност бараат и приемите на кои ќе присуствуваат членовите на кралското семејство: не само што мора внимателно да се одберат, туку и детално да се организираат во однос на распоредот. Локалните обичаи, исто така, мора внимателно да се проучат за да не дојде до непријатно „непочитување“ на бонтонот.

Целата оваа подготвителна работа бара постојана верификација штом ќе се постави програмата.

Секој експерт вклучен во програмата и организацијата е суштински, а членовите на кралското семејство се секогаш многу селективни во изборот на своите соработници, кои се ангажирани да останат со нив долго време и да обезбедат лојалност и апсолутна дискреција.

Ова уште повеќе важи за истакнатите членови на кралското семејство како Војводите од Кембриџ, кои повеќе од кој било друг ги имаат погледите на светот вперени во нив. А бидејќи изборот на облека може да каже повеќе од формален говор, првото место во авионот за Карибите беше резервирано за Аманда Кук Такер, жената која одлучува за гардеробата и фризурите на војвотката.

Аманда Кук Такер со години ја обликува косата на Кејт Мидлтон. Таа беше една од ретките луѓе примени во болница по раѓањето на принцот Џорџ во 2013 година: таа мораше да се грижи за косата на војвотката која штотуку се породи и мораше да изгледа блескаво пред фотографите. Кога е Аманда покрај Кејт, уверуваат британските таблоиди, „никогаш нема да ѝ фали ниту влакно на Кејт“. Аманда не е ни товар за даночните обврзници: нејзината плата приватно ја плаќа кралската двојка.

Покрај Аманда, има уште две личности од кои Кејт никогаш не се одвојува: личната секретарка Хана Кокбурн-Лоџи и нејзината асистентка Натали Бароус. Поранешна дипломатка, наградена со Орден на Британската империја, Кокбурн-Лоџи ја презеде оваа улога во јуни 2020 година. Таа одлучува и ја организира дневната агенда на војвотката: нема состанок или официјална обврска што не е прво проверена од неа. Војводите имаат и долгогодишно пријателство со Хана: ѝ дозволија да ги придружува во Индија и Бутан на нивното официјално патување во 2016 година.

Натали Бароус, пак, е десна рака на Кејт од 2017 година. Дури и на Карибите таа буквално ја следеше со поглед војвотката,  подготвена да ѝ подаде нешто што и треба (ако тоа не се вклопуваше во нејзините мали чанти)или да го земе цвеќето или што било друго од рацете на Кејт. Секогаш присутна, но никогаш не забележана, Бароус одлично ја познава формулата на растојанието. И Кејт никогаш не може никаде да оди без неа.

Жан Кристоф Греј, пак, е човекот кој се грижи за агендата на Вилијам. Тој соработува со принцот од февруари 2021 година, а дојде од слична работна позиција во штабот на поранешниот премиер Дејвид Камерон. Тој не само што се грижи за облеката на принцот, туку мора да го има под контрола секое негово движење. И тој ги придружуваше, се разбира, војводите на Карибите.

Од суштинско значење е и присуството на Дејвид Воткинс, познат во придружбата како Диџитал Дејв. Менаџер е на социјалните мрежи на Вилијам и Кејт и шеф за дигитална комуникација, без него немаше да ги видиме ажурирани социјалните профили на војводите од Кембриџ, кои Деквид всушност го „грабнаа“ од Хари и Меган. Се сметаше за тајното оружје на Сасекс за интернет, но по Megxit и затворањето на профилот на Сасекс Ројал, тој не замина со Меган во странство и претпочиташе да остане во Лондон, преселувајќи се во тимот на Кембриџ. Озборувачите велат дека со Вилијам и Кејт ја нема истата хармонија каква што ја имал со полежерната Меган, а тоа го покажуваат и бројките, други само укажуваат на промената на стилот кој повеќе одговара на семејството на идниот крал на Англија.

Конечно Мет Портеус, официјален фотограф и режисер. Тој е автор на евокативните слики снимени под вода за време на нуркањето со ајкула на војводите од Кембриџ во Белизе, а објавени на нивните социјални мрежи. Поврзан со Кембриџ со години, тој овековечи многу важни моменти на кралското семејство и ги направи некои од најубавите фотографии на војвотката. Исто така, поради оваа причина, неговото патување на Карибите го платиле приватно Вилијам и Кејт.

Слични објави

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо
Се вчитува....