7.8 C
Скопје
08:12 - 2 април, 2026

Ким и Канје не можеа да се воздржат на црвениот тепих! (ФОТО)

Иако не беа помеѓу официјално поканетите на 91-та свечена церемонија за доделувањето на Оскарите, Ким Кардашијан и Канје Вест повторно беа најголеми ѕвезди на традиционалната забава која после доделувањето на престижните филмски награди, ја организира магазинот „Vanity Fair“.

Profimedia

Парот не разочара – очигледно дека долго време се спремале да заблескаат на црвениот тепих и тоа им испадна одлично.

Profimedia

Ким Кардашијан (39) за оваа прилика подготви уште една тоалета која ја истакнува нејзината фигура. Станува збор за фустан кој се состои од многу тесен корсет и здолниште кое ја следи линијата на телото се до колената, а потоа се шири во нетипичен сирена-крој. Тоа секако значи дека нејзиниот задник е истакнат, како и обично, а фустанот го краси и храбртото деколте, иако вчера вечер видовме многу похрабри.

Profimedia

Нејзиниот драг Канје Вест носеше црни кожни панталони и сако без кошула, кое го искомбинира со средно-високи беж чизми од превртена кожа, а очигледно бил многу опуштен кога го бирал златниот накит.

Profimedia

Сепак, ѕвездата беше Ким на која раперот не можеше да ѝ одолее, па цело време ја држеше за рака, ја галеше, а во еден момент им се препушти на страстите, па ја бакна.

Profimedia

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....