14:31 - 10 ноември, 2026

Сè за совршен изглед на Оскарите: Познатата актерка морала да стои исправена во автомобилот (ВИДЕО)

Британската актерка Флоренс Пуг привлече големо внимание со својот изглед на црвениот килим на синоќешните доделувања на Оскари.

Таа носела тиркизен фустан со асимитрична сукња со слоевит крој, а сето тоа со потпис на „Луис Витон“. Ова модно парче актерката го искомбинирала со сатенски чевли од истата модна куќа – пишува „Popsugar“.

Флоренс која беше номинирана за улогата во филмот „Мали жени“, овој аутфит го избрала со помош на стилистката Ребека Корбин, која на Инстаграм објави интересно „стори“ непосредно пред да се појават на црвениот килим.

На „сторито“ може да се види како Ребека го држи фустанот, додека Флоренс стои со кренати раце во комбе и тоа исправена само за да не се изгужва фустанот.

Овој потфат им успеал, бидејќи актерката блескала на црвениот килим, а многу модни критичари ја пофалија за целокупниот изглед.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....