7.8 C
Скопје
10:29 - 1 април, 2026

Кети Пери и Орландо Блум ја одложија венчавката поради коронавирусот

Пејачката Кети Пери (35) и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум (43) наводно одлучија да ја откажат својата венчавка поради страв од коронавирусот, пишува магазинот „People“.

Среќниот пар ја организирал венчавката и скоро се било спремно да се изговори судбоносното „ДА“, но поради моменталната ситуација и паника во светот поради коронавирусот, тие одлучија да ја одложат венчавката додека не е се побезбедно.

„Се беше спремно за венчавката, 150 гости беа повикани во Јапонија за венчавката. Кети беше навистина возбудена поради сето тоа, особено кога дозна дека е бремена, но сега се е откажано за некое посоодветно време“, тврди извор близок на парот.

View this post on Instagram

My babies blooming ❤️

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom) on

Пејачката и актерот се потиштени поради откажувањето на церемонијата, но се сигурни дека донесоа правилна одлука.

„Беа пресреќни што конечно ги договорија сите детали за својата совршена венчавка, а потоа им се случи ова. Тажни се, но направија правилен потег и сфатија дека ќе има друга прилика“, рече изворот за магазинот „People“.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....