20.8 C
Скопје
21:28 - 19 мај, 2024

Карлос Сантана му простил на човекот кој сексуално го злоставувал кога бил дете

Познатиот гитарист Карлос Сантана изјави дека му простил на човекот кој го малтретирал и сексуално го злоставувал кога бил дете. Како што наведе, злоупотребата се случувала на возраст од 10 до 12 години, речиси секој втор ден.

Му требало многу време и труд за да му прости на овој предатор, но гитаристот истакнува дека со тоа нашол мир и спокојство и дека повеќе не се навраќа на грдите слики од минатото.

– Мојот син и јас вчера разговаравме за ова, колку прифаќањето и простувањето се навистина духовни. Научив да гледам во секој кој некогаш се потрудил да ме повреди, да ме понижи или да направи да се чувствувам помал, како да имам пет или шест години, а јас можам да ги гледам со разбирање и сочувство, рекол Сантана во неодамнешното интервју за магазинот People.

– На пример, оваа личност која сексуално ме злоставуваше, наместо да го испратам во пеколот засекогаш, јас го визуелизирав како дете, а зад него имаше многу светлина. Па можам да го испратам на светлина или да го испратам во пеколот знаејќи дека ако го испратам во пеколот, ќе одам со него. Но, ако го испратам на светлината, тогаш ќе одам со него. Има една изрека: ‘Повредените луѓе повредуваат луѓе’. Болката е моја, бидејќи ми се случи она што ми се случи. Но, ако ги отворам рацете, и ја пуштам, тогаш повеќе не го чувствувам тоа, додал тој.

Да потсетиме дека Сантана прв пат јавно проговори за злоупотребата во 2000 година во интервју за Rolling Stone во 2000 година. Потоа, меѓу другото, истакна дека преку граница го носеле „речиси секој втор ден“ американски туристи од Бурлингтон, Вермонт, а се се случувало од 1957 до 1959 година, кога имал меѓу 10 и 12 години.

Инаку, насилникот постојано му купувал подароци, храна, облека и играчки на малиот Карлос, а се дружел и со родителите. Сето тоа конечно завршило кога насилникот му удрил шлаканица на Сантана затоа што гледал низ прозорецот во девојката во која бил заљубен.

– И тогаш се разбудив. Го погледнав за прв пат како што беше: многу болен човек, рекол Карлос.
Сантана признал и дека иако бил жртвата, се обвинувал себеси.

– Сакаш да се лутиш на себе затоа што не знаеш подобро. Умот има многу подмолен начин да те натера да се чувствуваш виновен: ти си тој што треба, срам да ти е, ти си тој што си го навлекол ова на себе, рекол Сантана.

Слични објави

Вељко Ражнатовиќ осуден за изјавата: „Бирајте што жените…“

еспресо

На победникот на Евровизија Немо му е одземен кристалниот микрофон: „Не знам каде е сега“

еспресо

На Цеца ѝ се слоши среде концерт: „Немав кислород“

еспресо

Ѕвездено време на хороскопските знаци: Ова се вашите судбоносни години од животот

еспресо

„Во еден момент темнината стана неподнослива“: Беjби Лазања се борел со депресија, еве како го нашол спасот

Еспресо

Сите сопруги на Јосип Броз Тито: Пред Јованка, се оженил за девојченце од Русија

еспресо
Се вчитува....