Принцот Чарлс, наследникот на британската круна, наводно имал уште една љубовница покрај Камила. Станува збор за жената за која велеше дека е единствената што го разбира.
Всушност, британските медиуми верно ја следат врската на Камила и Чарлс. Иако за време на својата долгогодишна љубов и двајцата беа во брак, конечно се венчаа во 2005 година.
Според информациите од британскиот „Експрес“, принцот Чарлс бил заводник и во својот живот имал многу жени. Сепак, една од нив се истакнувала.
Дејл Тајрон беше во брак со еден од најдобрите пријатели на принцот, Лордот Антони Тајрон. Наводно, додека Чарлс бил со Дејл, истовремено започнала и неговата романса со Камила.
„Некои велат дека Чарлс ја опишувал како единствената жена која го разбира. Дејл со текот на годините, многу внимателно зборуваше за Чарлс во медиумите, но и ги негираше сите озборувања дека некогаш била во врска со принцот“, рекол извор близок на кралското семејство.
Дејл почина во 1997 година, три месеци после смртта на принцезата Дијана.