16:31 - 7 ноември, 2026

(Фото) Калориите ги согорува со „Мача“, а ова е рецептот за нејзиното здраво јадење: Малата слатка тајна кујна на Ана Ивановиќ!

Иако има доволно пари за да си дозволи готвач, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ сака да подготвува разни јадења во кујната, а бидејќи баш се грижи за својот изглед, се труди да се храни здраво за да остане во врвна форма.

„Мача“ го подобрува метаболизмот и помага во согорувањето на калориите.

Ана неодамна позирала на скалите од една зграда во Лондон, а била целосно опуштена – облечена во сина маица и беж панталони го пиела популарниот пијалак „Мача“ (Matcha).

Инаку, Ивановиќ отсекогаш водела сметка за својот изглед, а споменатиот пијалак го подобрува метаболизмот и помага во согорувањето на калориите.

Како гласи рецептот за здравото јадење на Ана?

Познато е дека Ивановиќ се грижи за своето здравје и се труди да се храни што е можно поздраво.

Имено, убавата тенисерка неодамна сподели на својот инстаграм-профил како изгледа еден нејзин здрав оброк.

– Започнете ја годината со здрава чинија. Мојот омилен рецепт: Брокула, фалафел, аспарагус, сладок компир, хелда или кафеав ориз, црвена зелка, ‘рдокви, краставица и зелена салата како база. Додадете го вашиот омилен прелив и уживајте во оброкот – напишала Ивановиќ.

Ивановиќ е доста активна на социјалните мрежи, па нејзините обожаватели се информирани за нејзиниот начин на живот, исхрана и патувања.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....