Елена Петровска е креативката која стои зад цветната приказна Цветна порака. Приказната започнала неодамна, поточно пред само два месеци, но идејата ѝ била присутна подолго време. Љубовта кон цвеќето и природата на Елена ѝ ја пренеле нејзините родители кои посветено си креирале своја цветна градина, неисцрплив извор на среќа.

– Верувајќи на концептот, креативноста и желбата да пренесеме убава порака, благодарни сме што идејата е препознаена и прифатена и што ја исполнуваме визијата да пренесеме порака што среќа носи – вели Елена во нашиот празничен разговор.
АСТРО-СРЕЌА: Откријте кој е Вашиот најсреќен ден во 2022 година според Вашиот хороскопски знак!
Која е пораката која ја пренесувате?
– Да споделуваме, заедно да се радуваме и да ги негуваме даровите од природата. Во креирањето на среќата да се грижиме за животната средина, овозможувајќи секој од нас да има придонес во процесот на селекција и заштита на природата.
Велите дека нудите поинакво цветно уживање, какво?
– Негувајќи ја поврзаноста со природата и уживајќи во секој момент, креираме производи од природно сезонско цвеќе со употреба на одржливи материјали кои може повторно да се употребат и рециклираат. Цветните аранжмани се стандардизирани во категории, но отворени сме за можност цветниот дизајн да биде усогласен според преференциите на купувачите за индивидуални и корпоративни настани.
Креиравме картонски обвивки за букети од природата, хартиени вазни како дел од пакет со цвеќе за најмалите кои креираат своја среќа во боја и креираме насмевки со букети во памучна ткаенина за повеќенаменска употреба и букети во стаклена вазна.
Во исто време, соочени со новонастанатата ситуација и размислувајќи во насока производите да бидат достапни на територија на целата држава, се одлучивме за е-трговија каде нарачките се прават на нашата официјална веб страна со предвидено време за испорака но и можност да се приреди изненадување на најблиските со достава на иден датум на нивна адреса.
Пред нас е празничната сезона, кои се трендовите во цветно украсување на домот?
– Секоја празнична сезона ја носи магијата и чувството на радост и среќа. Елките и новогодишните венци изработени од природни материјали како дел од празничниот декор ја креираат атмосферата на топлина во срцата и домот.
Исто така препуштајќи се на уживањето во посебните магични моменти, сѐ поприсутен тренд се креативни елки изработени од дрво, картон, книги кои даваат свој печат и восхит во уредувањето на секој дом. Празничниот декор инспириран од индивидуалната креативност и надополнет со дизајн од природни материјали, декоративно зеленило и свеќи придонесува домот да биде исполнет со радосни моменти за празниците.
Изработувате и празнични венци, може ли да ги советувате нашите читатели како тоа може да го направат дома?
– Посебните празнични моменти ја носат убавината во креирањето на сопствена новогодишна магија. Замислата надополнета со личната инспирација, посветеност и љубов ќе ги креира најубавите празнични аранжмани кои зрачат среќа.
(На фотографиите кои следуваат, Елена со нас ја споделува постапката за изработка на новогодишен венец, н.з).



Што значат Вашите „Писмо за тебе” и кои персонализирани пакети се најомилени меѓу нашите сограѓани?
– Писмо за тебе го претставува нашиот начин да ја пренесеме пораката од природата. Со цвеќето во својата природна форма, спакувано во картонска обвивка со дизајн на писмо и картичка за персонализирана порака ја пренесуваме радоста и ги негуваме даровите од природата.
Добивајќи поддршка и мотивација со убави зборови упатени за нашите цветни аранжмани, неизмерно сме среќни што концептот е препознаен и прифатен. Пакетот „Среќа во боја“ кој го креиравме инспирирани од восхитот на детската креативност и поттикот детската имагинација да биде во допир со природата, пакетот „Креираме насмевки“ букет во памучна ткаенина која може повторно да се употреби, како и „Букет природа“ и „Писмо за тебе“ се производите кои се широко прифатени и со кои секојдневно со радост ја пренесуваме пораката што среќа носи.
*
Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!
УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:
ФОТО-ПРИВАТНА АРХИВА
КАКО ДА ПРИВЛЕЧЕТЕ СРЕЌА И ПАРИ: Фенг шуи трикови за китење елка и празнично украсување на домот
(ФОТО) УМЕТНИЦАТА ИВЕТ НИ НОСИ ПРАЗНИЧНА МАГИЈА: Сосема посебни лампиони и куклички