6.8 C
Скопје
02:36 - 19 октомври, 2026

Изгледаат ладно и одмерено, а многу се нервозни и грижливи: Психолошки профил на хороскопските знаци – ДЕВИЦА

Знакот Девица ужива углед од водечките критичари и астролозите. Неговите припадници се интелигентни, критичари и прилагодливи. Она што им недостасува е интуиција, инстинкт, имагинација и самодоверба.

Девиците лесно учат, имаат одлично памтење, а нивниот практичен дух сака знаењето да го примени во пракса. Благодарение на спретноста и прецизноста, се снаоѓаат во бројни професии. Што се попосветени на работата, повеќе се дистанцираат од другите. Ја почитуваат точноста, многу се совесни и одговорни.

Не сакаат преценување, глумење, снобови и паразити. Сè анализираат, склони се кон критика, бидејќи тежнеат кон совршенство и толку се грижат за деталите, што губат увид на целината. Им треба некој кој ќе ги поддржува и охрабрува, бидејќи многу се несигурни. Избегнуваат ризик, особено кога станува збор за финансии.

Добро функционираат додека работите им се одвиваат според планот, но штом ќе се случи некој расчекор, ги фаќа паника. Изгледаат ладно и одмерено, а многу се нервозни и грижливи.
Најчесто им се забележува за недостатокот од чувствителност и приврзаност. Кон пријателите ретко се сосема отворени, дури и кога сè би направиле за нив, не знаат тоа да го покажат. Имаат добри познаници додека вистинските пријатели ги губат, бидејќи мислат дека секогаш можат да пресметаат кој колку дава и кој колку добива.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....