07:51 - 13 ноември, 2026

Годините не ја запираат: Доли Партон на 75 години сака повторно да биде на насловната страница на „Плејбој“!

Познатата кантри ѕвезда Доли Партон, која неодамна го прослави својот 74 роденден, сака повторно да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“ и тоа кога ќе наполни 75 години. 

Популарната пејачка при гостување во телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена, како и дека се надева оти следната година повторно ќе биде на насловната страница на познатото списание, пренесува „Пипл“.

– Не планирам да одам во пензија. Имам само 74 години и сакам повторно да бидам на насловната страница на „Плејбој“ – порача Доли.

Forty years ago this month Dolly Parton was featured in the October 1978 issue of Playboy magazine.??: https://dollyparton.com/life-and-career/playboy-cover/4169/amp

Publiée par The Dolly Parton Fan Page sur Vendredi 26 octobre 2018

– Пред многу години се сликав за „Плејбој“, и мислам дека би било одлично да го повторам тоа. Јас сакам да се најдам на насловната страница кога ќе наполнам 75 години – изјави славната пејачка.

На прашањето дали би ја повторила оригиналната фотографија во иста облека, пејачката одговори: „Можеби!“ .

– Веројатно би можела да ја искористам истата слика, градите ми се и натаму исти! – се пошегува Партон.

Доли Партон се појави на насловната страница на списанието „Пејбој“ во октомври, во 1978 година, кога имаше 32 години.

Во таа прилика Доли го носеше препознатливиот костим на плејбој-зајачица и беше првата кантри-ѕвезда која ја красеше насловната страница на магазинот.

 

Слични објави

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.
Се вчитува....