Од првата операција до денес, приказната на госпоѓа Љубинка сведочи за значењето на кардиохирургијата и напредокот во третманот на заболувањата на срцевите валвули.
Пред 23 години, госпоѓа Љубинка ја имала својата прва операција на срцето, а денес повторно се сретна со д-р Жан Митрев, со кого се наврати на почетоците на својата животна приказна.
– Докторе, јас бев пред 23 години ваш пациент – вели Љубинка и продолжува – секаде кажувам дека убаво се чувствувам. Доктор Шпенд ми ја знае историјата, задоволна сум од целиот ваш тим, премногу задоволна. Благодарение на вас, јас сум сè уште жива и активна, работам во Здружение на инвалиди Карпош.
– Сега има нова технологија, има валвула што се вградува, без класична операција, туку преку артеријата. Се вградува директно во таа валвула што веќе ја имате – и објаснува д-р Жан Митрев.
Од првата операција до денес, приказната на госпоѓа Љубинка сведочи за значењето на кардиохирургијата, долготрајната грижа за срцевото здравје и напредокот во третманот на заболувањата на срцевите валвули.
– Пред операцијата јас смртта си ја гледав, верувајте – продолжува со својата животна приказна Љубинка, која имала 43 години кога ја направила операцијата.
Ваквите средби имаат посебно значење за тимот на Клиника „Жан Митрев“.
„Тие нè потсетуваат дека зад секоја успешна интервенција стои човек со своја приказна, а вистинската вредност на медицината се гледа и во годините што следуваат“, велат од Клиника „Жан Митрев“.
Месец на машко здравје
Промотивни цени на здравствени прегледи

Брк по избор. Преглед задолжителен! За месецот на машкото здравје, ноември, во Клиника „Жан Митрев“ се нудат промотивни прегледи и дијагностички услуги.
Грижата за семејството, работата и секојдневните обврски често се на прво место, но не заборавајте дека и вашето здравје заслужува внимание.
Овој ноември, во месецот посветен на машкото здравје, направете нешто важно за себе.
Искористете ги промотивните цени во Клиника „Жан Митрев“ за навремени прегледи и превентивна грижа.
Не чекајте да се појави проблем за да го ставите здравјето на прво место.
Стручниот тим на Клиника „Жан МИтрев“ ви стои на располагање. За информации и закажување термин јавете се на тел. 02 3091 484
Комерцијален текст.
