Пејачката Ивона Јо ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи, овојпат со симпатична размена на коментари со нејзиниот сопруг Кристијан Тодоров.
Пејачката објави неколку фотографии на Инстаграм, на кои позира со широка насмевка, а во описот напиша: „Има денови кога сè на светот е насмевката“.
Меѓу бројните позитивни коментари се најде и оној на нејзиниот сопруг Кристијан, кој не ја пропушти можноста јавно да ѝ упати комплимент.
„Имате преубава насмевка“, ѝ напиша Кристијан, а Ивона веднаш му возврати во свој стил.
„О, млад господине, ви благодарам“, духовито му одговори пејачката, додавајќи и емотикони.
Нивната симпатична комуникација е доказ дека романтиката и хуморот се дел од нивното секојдневие.
View this post on Instagram
Ивона и Кристијан, кој е видеограф по професија, се венчаа во февруари годинава, само еден месец по романтичното запросување. Нивната љубовна приказна започнала преку социјалните мрежи, каде што најпрво комуницирале пријателски, а заедничката вера и долгите разговори ги зближиле.
Запросувањето се случило во јануари, во Лесново, каде Кристијан подготвил романтично изненадување. Но, планот за малку ќе пропаднел поради замрзнатиот пат до вилата. Свршеничкиот прстен бил кај негов пријател, кој поради снегот и мразот не можел да стигне навреме, па тој побарал помош за расчистување на патот.
Сепак, сè завршило како што замислил Кристијан, а Ивона без двоумење го кажала судбоносното „да“.
„Моето најлесно ‘да’“, напиша тогаш пејачката, споделувајќи ја среќната вест со јавноста.
Во февруари двојката стапи во брак, а Ивона објави емотивно видео од венчавката со библиската порака: „Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“.
По венчавката, младенците заминаа на романтично патување во Охрид, каде Кристијан ја фотографираше својата сопруга. Ивона тогаш сподели дека преку неговиот објектив успеала да се види себеси на поинаков начин, онака како што ја гледа човекот што ја сака.
View this post on Instagram
Во едно од своите интервјуа, пејачката призна дека уште на почетокот почувствувала дека Кристијан е вистинскиот човек за неа, иако претходно не верувала дека љубовта може толку брзо да се препознае.
По тешката 2025 година, кога го загуби својот татко, Ивона започна ново животно поглавје исполнето со љубов.
View this post on Instagram
