17:02 - 5 ноември, 2026

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Пејачот Слоба Радановиќ се најде на мета на негативни коментари откако објави видео на кое пее. Еден од коментарите особено му го привлече вниманието, па реши јавно да одговори на лицето што го оставило, и тоа на свој начин.

Радановиќ на својот профил на Инстаграм објави видео на кое ја покажува својата изведба, по што следуваа различни реакции од корисниците. Меѓу нив имало и коментар во кој му било порачано дека не е за таа музика.

„Не си ти за оваа музика!“, гласел коментарот.

Пејачот не го оставил без одговор. Покрај коментарот, јавно ја споделил и фотографијата на корисникот што му ја упатил забелешката, а покрај неа напишал само:

„Легенда“, додавајќи емотикони со тажно лице.

Во следната објава на приказната на Инстаграм, Радановиќ продолжил со иронични коментари.

„Убаво си велам дека не сум за ова“, напишал пејачот, предизвикувајќи нови реакции кај своите следбеници.

Ова не беше единствената интересна размена со неговите следбеници. Радановиќ преку опцијата за поставување прашања на Инстаграм комуницирал со публиката, а посебно внимание привлекло прашањето за неговите колеги од музичката сцена.

Еден од следбениците го прашал зошто поголемиот дел од пејачите со кои работи не ги изведуваат неговите песни, барем оние поновите што станале хитови.

Радановиќ одговорил со доза сарказам:

„Тоа сепак треба нив да ги прашате. Можеби им се тешки, па да не се мачат… Знаете дека јас со задоволство ги пеам песните на сите“, напишал пејачот, додавајќи емотикон што се смее до солзи.

Слични објави

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

Емина Јаховиќ проговори за бившиот и разводот: „Немам желба да ја запознаам новата сопруга на Мустафа“

Еспресо

„Родителот што ќе изгуби дете прво ја бара вината во себе“: Јулија Мациевска проговори за болката по смртта на ќерката Андријана

К.С.

Николина Пишек му одговори на Миша Гроф: „Сè уште не сум почнала да ја кажувам вистината за нив, допрва ќе почнам“

Еспресо
Се вчитува....