7.8 C
Скопје
12:59 - 22 декември, 2024

Интервју со д-р Данчо Шурков: Сè што треба да знаете за децата и крајниците

Есента е период кога воспаленијата на крајниците се многу чести кај децата. На оваа тема разговараме со д-р Данчо Шурков, специјалист оториноларинголог во Клиника „Жан Митрев“.

Д-р Шурков, есента е период кога воспаленијата на крајниците се многу чести кај децата. Што го предизвикува воспалението на крајниците и како се шири инфекцијата?

Д-р Шурков: Есента е период кога детскиот организам треба да се адаптира на пониските температури, на зголемените температурни разлики , а тоа доведува до намалување на отпорноста на детскиот имунитет. Намалувањето на температурите и почетокот на училишната година влијае на зголемување на отпорноста на вирусите и бактериите. Мешањето со нови деца, затворање по училници, клубови, игротеки, занимални придонесува за брзо ширење на овие надворешни агенти.

Крајниците се парен лимфен орган на имуниот систем, изграден од епителни набори и јамички во кои има бројни лимфни , крвни садови, клетки на ретикуло-ендотелниот систем , лимфоцити , фагоцити. Сите крајници се организирани во Валдејеров прстен со локализација околу устата и носот т.е влезната врата на повеќето патогени агенси. Тука спаѓаат непчани тонзили, тубарните тонзили, јазични тонзили, третиот крајник /аденоидни вегетации/ и лимфните јазли распоредени по вратот. При навлегување на некој патоген организам во организмот, нашиот имунитет има прво единица за детектирање и запамтување на тој патоген, потоа формира клетки убијци за да го униптат или да го фагоцитираат. Тоа е сложен процес кој за да се формира мора да навлезат патогените во организмот, а потоа на секое навлегување нашиот имунитет ги памети и започнува да ја формира својата одбрана. Така децата го градат постепено својот имунитет. Најчести причинители се вируси /инфлуенца вируси, аденовируси тип3, аденовируси тип4, коксаки вируси, херпес зостер вирус, епштејн-бар вирус/, бактерии /бета хемолитичен стрептоко, пиоген стрептокок,пнеумокок, стафилококи/, а често е изолирана мешана бактеријална флора. Овие инфекции се јавуваат како последица со намалувањето на надворешните температури, со почеток на училишните години и градинките.

Воспаление на крајници кај деца

Крајниците се првата одбрана на организмот од инфекции и влезна врата на микроорганизмите во организмот. Како изгледаат воспалени крајници и кој е начинот на третман?

Д-р Шурков: Распределбата на лимфното ткиво околу устата и носот во еден круг наречен Валдејеров прстен е со цел да биде пресретнат и пречекан секој надворешен микроорганизам кој навлегува во нашиот организам. По навлегување на вирусот или бактеријата во усната шуплина почнува да се размножува и да иритира, да прави инфекции. Во тој момент се активира имунитетот со голем број биохемиски процеси кои се одвиваат на ниво на крајници со цел да се уништи надворешниот агенс и да се одбрани организмот. Колку побрзо се активира имунитетот, толку побрза и поадекватна ке биде одбранбената реакција. Кај чести вакви случаи со инфекции на грло и крајници, во самите крајници се променуваат структурно, во нив се развива фиброзно ткиво, а тоа пречи на брз одговор на имунитет, се додека целосно ја изгубат функцијата и имунитетот не го дава соодветниот одговор. Тогаш велиме дека тонзилите се жариште на инфекција. Тука се колонизираат микроорганизми Тие изгледаат деформирани, секогаш зацрвенети , прекриени со бело сиви наслаги од гној, некогаш може да се зголемени, често може да се асиметрични, секогаш се болни при голтање.

Воспаление на крајници кај деца

Многу деца се соочуваат со повторувачки воспаленија на крајниците што најчесто води кон нивно отстранување. Кои се индикациите, кога треба да се размислува за нивно вадење односно тонзилектомија и кој е идеален период од годината?

Д-р Шурков: За да се постави индикација за тонзилектомија добро би било детето да биде следено од еден оториноларинголог. Ние децата ги следиме некогаш и до 3 години со редовни контроли за да поставиме индикација за одстранување на тонзилите. Овие чести и повторувачки инфекции се должат најчесто на бактеријални инфекции со мешана бактеријална флора, како на површината на епителот, така и во длабочина, која може да се разликува. Кај повторувачките воспаленија се случува промена на лимфното ткиво, промена на епителот во каналчињара. Тој е оштетен, обложен со кератински наслаги наместа истенчен, оштетен.

Доколку едно дете боледува 7 пати во една година од воспаление на тонзили тогаш индицираме тонзилектомија. Во рок од две години ако боледува по најмалку 5 пати годишно или во рок од три последователни години по најмалку 3 акутни инфекции на тонзили може да индицираме тонзилектомија.

Исто така ако изолираме бета хемолитичен стрепток , тоа е специфична бактерија која во организмот може да создаде антитела, кои наместо да ја уништат бактеријата, се насочуваат кон одредени клетки на миокардот , на срцевиот мускул и може да предизвика реуматични заболувања. Доколку кај детето се појави слип апнеа , тоа е состојба при која се случува детето на направи пауза од 3-10 секунди во дишењето и тоа со неколкукратно повторување , што е опасно. Кај деца со чести воспаленија на уво и намален слух, чести перитонзиларни апсцеси, кога се смета дека тонзилите претставуваат жариште на други инфекции во организмот т.е. фокус.

Слип апнеа кај деца

Отежнато дишење и рчење, како и епизоди на престанок на дишење се последица на зголемен трет крајник, што е причина за развој на чести и повторувачки воспаленија на средното уво,  појава на секрет и намалување на слухот. Кога треба да се размислува за операција на третиот крајник?

Д-р Шурков: Третиот крајник е локализиран во горниот спрат на грлото , на местото каде се поврзуваат носот, грлото и туба аудитива- преку кои средното уво прима воздух. Го има кај секое дете како ресничасто лимфно ткиво кое при воспаленија на нос и грло повеќекратно се зголемува. При зголемувањето ги обструира горните дишни патишта и тубите. Доколку се пролонгира оваа состојба и кога заврши инфекцијата, доколку се јавуваат чести воспаленија на средното уво, доколку има намален слух и доколку се појави слип апнеја, тогаш задолжително советуваме одстранување на ова трет крајник со цел воспоставување на вентилацијата на овој систем.

На кој начин се изведуваат хируршките интервенции за отстранување на крајниците (тонзилектомија) и аденоидектомија (отстранување на третиот крајник) и колку време е потребно за детето да се врати во нормала?

Д-р Шурков: Операциите на крајници тонзилектомија , аденоидектомија или тонзилоаденоидектомија се операции кои најчесто се вршат во детска возраст. По поставување индикација за операција предоперативно се зема крв за хемостаза, крвна слика, крвна група , се зема урина , се евалуира пулмолошки од педијатар или интернист и се прави алерготест на анестетици. Доколку се утврди дека сите параметри се нормални, се смета дека детето сноси мал ризик од компликации при операцијата и се започнува процесот. Се дава премедикација и анестезија.

Операцијата се изведува преку уста, при што се препарираат и се одстрануваат тонзилите, а потоа се оставаат крајничните ложи сами спонтано да зараснат. Пациентот останува во болница неколку дена постоперативно и се следи дали има крварење или друга компликација од операцијата. Првиот ден чувствува болка која може да се третира со сируп. Епителизацијата трае околу 21 ден и мине низ неколку фази. Затоа е потребна посебна постоперативна нега во овие три недели додека да епителизираат ложите. Негата се состои од посебна диета и згрижување на пациентот. Диетата се состои од ладна , мека, течна храна. Првиот ден постоперативно детето пие само ладен чај. Постоперативно се храни со супа, кисело млеко, пудинг, растопен сладолед, воглавно незачинети храни и многу течности вода, бистри чаеви и сокови. Се избегнуваат цитрусови плодови. Не се препорачува во престој во затворени простории со други лица /како училиште, работно место, игротеки, кафани, собири./ до целосна зараснување на ложата.

Во клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање стручниот тим на оториноларинголози преку персонализиран третман за сите болести на уво нос и грло. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....