12:03 - 7 април, 2026

IN CORPORE SANO на Констракта расте на обложувалниците, македонската претставничка „тоне“ на дното на листата

Познати се сите 40 песни кои годинава ќе се натпреваруваат на Евровизија 2022 која ќе се одржи во  Торино, Италија.

Македонската претставничка Андреа со песната „Кругови“ (автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа Коевска) во Торино ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај,

Хрватска ќе ја претставува Миа Димшиќ со песната „Guilty Pleasure“, а во финалето ќе се обиде да влезе настапувајќи на првата полуфинална вечер. Српската пак, претставничка Констракта ќе настапи во втората полуфинална вечер, деветта од 18 земји.

Пет земји обезбедија директен пласман во финалето, а ќе им се придружат уште 20 земји кои во полуфиналето треба да се изборат за пласман во финалето.

А, што за сега велат обложувалниците?

Српската претставничка веднаш по срспкиот избор на песна за Евровизија почна да ги освојува срцата на слушателите и секојдневно е сè повисоко на листата на фаворити. Моментно таа се наоѓа на 16.место.

Хрватската претставничка е на 33.место.

На последните три места за сега се Словенија (40.место), Македонија (39.место) и претставничката на Црна Гора, Владана (38.место).

принтскрин

На врвот на листата е Калуш оркестарот – претставниците на Украина, на второто место италијанските претставници со песната „Вивиди“, а на третото место е Корнелија Јакобс, претставничка на Шведска.

 

Слични објави

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin
Се вчитува....