16:32 - 31 март, 2026

Илон Маск отстранува неактивни корисници на Твитер

Сопственикот на „SpaceX“, „Tesla“ и „Twitter“ Илон Маск, објави дека Твитер работи на отстранување на корисничките сметки од платформата кои се неактивни подолг временски период.

Маск не го дефинираше конкретно периодот на неактивност, но се работи за опсег од неколку години.

Ова не е прв пат Илон Маск да твита на оваа тема, а уште во ноември минатата година објави дека планира да ги „исчисти“ профилите на социјалната мрежа. После тоа, тој во декември посочи дека платформата ќе ослободи кориснички имиња за околу 1,5 милијарди кориснички сметки.

Исто така, на крајот на минатата година, Маск даде предлог за потенцијално деактивирање на сметките на кои корисниците не се најавени една година или повеќе.

Во овој момент, само твитовите на Маск даваат увид во процесите и дејствијата што може да ги преземе Твитер, а нема потврди за тоа како ќе се одвива процесот или кога ќе започне.

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....