24.8 C
Скопје
14:12 - 12 септември, 2026

И ЛАВРОВ има тајна ЖЕНА и ЌЕРКА: Полина е кралица на забавите од „1001 ноќ“, живее во дом од 5 милиони евра, а ништо не работи!

Полина Ковалева е посвоена ќерка на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и живее во Лондон, помеѓу луксуз и забава. Нејзиниот дом од 4,4 милиони фунти е купен во готово и без хипотека. Сепак, 26-годишната девојка нема никакви приходи. 

Во нејзиниот милионерски стан во Кенсингтон, една од најексклузивните области во Лондон, биле познати забавите од „Илјада и една ноќ“. Биле организирани од 26 годишната русокоса убавица Полина Ковалева, ќерка на љубовницата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.  До неодамна, луксузот Полина не го криела, објавувајќи фотографии на Инстагран од нејзините раскошни фустани, патувања, вечери во најмодерни ресторани…

Нејзиниот дом, вреден 5 милиони евра, бил купен во готово и без хипотека, но таа (како и нејзината мајка) немала никаков приход.

Но денес Полина – како и другите руските олигарси – заврши на листата на санкции воведени од владата на Борис Џонсон како одговор на инвазијата на Украина.

„Официјална“ љубовница

Полина не е официјално поврзана во сродство со Лавров. Шефот на дипломатијата има прво „официјално“ семејство познато на медиумите. Иако долго време не е видена во јавноста, Марија Лаврова е негова сопруга веќе цели 50 години. Паралелниот „брак“ на Лавров со Светлана Пољакова, мајката на Полина, никогаш не бил мистерија.

Марија живее во Лондон со нејзината 26-годишна ќерка: и двете имаат колекција од автомобили и, навистина, луксузен стан. И покрај познатите односи со Лавров, за Велика Британија Светлана е самохрана и невработена жена, како и нејзината ќерка Полина.

Но, новите санкции предизвикаа промена на курсот што би влијаел и на оние „скриени“ средства што им се припишуваат на руските олигарси. Ова преку Твитер го подвлекува британската министерка за надворешни работи Лиз Трус, прецизирајќи дека на списокот сега има „повеќе од 1000 поединци и компании“ за кои се верува дека на овој или оној начин се поврзани со системот на моќ на претседателот Владимир Путин.

КОЈ Е СЕРГЕЈ ЛАВРОВ? Страстен пушач, љубител на поезијата, но „не можете да играте танго со него, тој не смее да танцува!“

Полина Ковалева има диплома за маркетинг и економија и магистрирала на Империал колеџ во Лондон. Таа не е мажена, а работела за Гаспром и други гиганти поврзани со Москва. Во минатото пак, живеела во куќа во Холанд Парк, западен Лондон, во сопственост на руската амбасада.

Најмалку 60 пати патувала во авионот на Министерството за надворешни работи, некогаш со мајка си, некогаш со внуката, а со мајка ѝ поседува и луксузен стан во Москва, вреден 6-8 милиони долари, и најмалку два луксузни автомобили.

Во меѓувреме, нејзините социјални профили исчезнаа.

 

Слични објави

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо
Се вчитува....