5.8 C
Скопје
08:15 - 11 февруари, 2026

ХУМАНО ХОБИ: Скопјанецот Кирил Јовчевски изработува бесплатни куќарки за бездомните животни

Со хуманата мисија да им даде дом на бездомните животни започнал уште кога бил младо момче, кога сè уште немал наполнето 18 години. Бездомните кучиња биле честа слика во неговата населба.

Куќарките ги прави во својата домашна работилница и со сопствен алат. Почнува со нивна изработка по 16 часот, откако ќе се врати од редовната работа. фото – приватна архива

Посебно жално му било во зимските месеци кога во Скопје владее голем и силен студ со снег и мраз. Од тоа чувство му се родила и идејата да направи куќарки за таквите кучиња. Прво направил една, па втора, трета… и така сè почнало. За материјалот сам се снаоѓал. Таква е приказната за сега веќе 42-годишниот Кирил Јовчевски, од скопската населба Радишани.

– Уште тогаш сфатив дека треба да се помогне секому, без оглед дали е куче или маче. И тогаш видов дека има и луѓе кои сакаат да помогнат. Така и почнав да ги правам куќарките за бездомни и напуштени кучиња кои што ги има многу кај нас – вели Кирил.

Куќарките ги прави во својата домашна работилница и со сопствен алат. Почнува со нивна изработка по 16 часот, откако ќе се врати од редовната работа.

– Веќе ме знаат доста луѓе и сами ми се јавуваат. Некои, пак, гледаат мои објави на социјални мрежи и ми се јавуваат да им направам. Единствено нешто што од нив барам е да ми донесат материјал за правење куќички – палети, иверки, лесонит, шајки, лим. Не можам сам да обезбедам толку материјал. А потоа, јас бесплатно ги правам и им ги враќам на оние што ми се обратиле. Потоа, тие ги стават куќарките по населбите, за бездомните кучиња за кои се грижат – ни објаснува Кирил.

Времето за изработка зависи од големината на куќарката која треба да ја направи. Во куќарките ставаат и крпи, сунѓери и слични работи за да на кучето му биде поудобно.

-Најчесто ми се јавуваат активисти за заштита на животните кои сакаат да се погрижат за некое такво животно. Досега имам направено повеќе од 700 куќарки, но нема да застанам на некој бројка. Ќе правам додека можам. Слободно ако некој сака да ми помогне нека дојде во мојата работилница, добро ќе ми дојде некоја рака помош. – вели Кирил.

Кирил ги сака животните и ако не може да ги згрижи, тогаш има помага на овој начин, прави дом за нив. Внимава да ги прилагоди ќуќарките и на временските услови. Без оглед на годините овој хуман скопјанец има енергија за да помага уште долго време.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Дневен хороскоп за 11 февруари: Еден разговор може да реши многу дилеми

apostolova

(Видео) „Жешката“ Данијела Димитровска се соблече во црвена долна облека од чипка: Бујните гради и стомачните ги залудеа сите!

Еспресо

Се огласи пејачката на која ѝ беше запалена куќата: „Тешко е кога ве замолчуваат“

Еспресо

(Видео) Скандал на изборот за Мис Србија: Дошол со круна на главата и ја навредил убавицата поради нејзината тежина

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја сподели првата слика со својот син

Е.А.

(Фото) Ќерката на српската пејачка има 23 години и работи за Трамп: Во бикини ужива за сите пари во Мајами 

Еспресо
Се вчитува....