6.8 C
Скопје
19:41 - 19 февруари, 2026

Хуманите луѓе ѝ го вратија бебето на „Маја“

Пред околу 3 месеци, нашиот доктор Горан Трајковски кој живее и работи во Германија, покрена хуманитарна акција за девојката која ја нарече „Маја“. Нејзината приказна трогна многумина за кратко време, поради што оваа акција на докторот – инфлуенсер на крајот донесе резултати. „Маја“ имаше бебе, кое веќе има една година, а беше отфрлена од семејството поради одлуката, толку млада да стане мајка. Поради немањето услови да го одгледува, бебето ѝ беше одземено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

Главната борба, таа ја водеше за да може повторно своето чедо да го држи во раце и да го гледа како расте покрај неа. Доктор Горан, во стори преку неговиот Инстаграм профил, ја објави веста дека „Маја“ конечно е вработена, обезбеден е стан и малото е во нејзините прегратки. Се разбира, се заблагодари на сите хумани луѓе кои помогнаа оваа девојка достојно да ја живее улогата на мајка, а на бебето му ја вратија жената која живот му дала. Во моментов се бара препорака за добар педијатар во околината на Центар и Дебар Маало.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поклон и од нас до сите кои не останаа глуви на апелот од Доктор Горан. Се надеваме на повеќе освестени луѓе како вас, но на помалку судбини како оваа на „Маја“.

 

 

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....