23.8 C
Скопје
13:51 - 30 септември, 2026

Хрватската актерка првпат проговори за затворската казна на својот сопруг-лекар: „Тежок период е кога…“

Боран Углешиќ, познат лекар од Сплит и сопруг на актерката Ана Груица Углешиќ, е осуден на година ипол затвор, од кои ќе помине шест месеци зад решетки, додека остатокот од казната ќе биде условно, под услов да не стори ново кривично дело во следните пет години, објави „Директно.хр“.

Ана Груица Углешиќ гостувала на модната ревија на Ивица Скока во Трогир и за првпат проговорила за пресудата според која нејзиниот сопруг Боран Углешиќ треба да оди во затвор.

„Луѓето треба да размислат што е тежок период, тежок период е кога детето е болно, некој во инвалидска количка. Тоа се нарекува тежок период, а сето ова е само фаза од животот“, изјавила Ана за „ИнМагазин“, додавајќи дека тие, како семејство, ќе излезат од оваа фаза уште посилни.

Да потсетиме, сопругот на актерката, сплитскиот психијатар д-р Боран Углешиќ, заедно со уште шест лица, беше осуден во случајот „Дијагноза“, кој се однесува на злоупотреба и фалсификување документи за нелегално добивање воени пензии. Пресудата на окружниот суд во Сплит беше донесена без правосилност по речиси 17 години постапка.

Како што пишува „Слободна Далмација“, обвинението е поднесено пред 16,5 години.

Боран Углешиќ доби единствена казна според која треба да помине шест месеци зад решетки, додека остатокот нема да го отслужи ако не го повтори делото во рок од пет години. На сите во казната им е пресметан истражниот затвор во кој повеќето поминаа околу половина година, и тоа од февруари до август 2008 година, освен д-р Углешиќ, кој беше во притвор нешто повеќе од еден месец.

Слични објави

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova
Се вчитува....