Овен
Премногу ве исцрпува лошата ситуација во домот или на работа. Вашите обиди да ја истерате правдата и на некој нешто да му докажете, можат да ве доведе до непријатна ситуација. Имате тенденција максимално да го затегнете односот со партнерот. Можни се проблеми со бубрезите.
Бик
Искористете го сплетот на позитивни околности и направете нешто што одамна сте планирале или сакале. Во љубовта сте малку незаинтересирани и ладни, што може лошо да се одрази на вашиот однос со партнерот. Поведете малку повеќе сметка за здравјето.
Близнаци
Променливи сте и енергични. Поседувате способност да управувате со други лица. Имате добар тим на соработници. Можна е љубовна средба со енергично, но сензибилно лице. Имате здравствени проблеми, кои упорно ги игнорирате. Обрнете внимание!
Рак
Вложете во надградбата на знаењето, елиминирајте ги предрасудите и сфатете дека никој не ви е виновен за ситуацијата во која се наоѓате. Затоа, наместо да ги обвинувате другите и да му се предавате на депресивното расположение, многу подобро е да бидете самокритични и подготвени за храбро противставување на ограничувачките фактори.
Лав
Не треба да ги идеализирате нештата и да чекате можностите за постигнување успех да пристигнат на експресен начин, туку со храбар и активен пристап тргнете кон одблокирањето на статус кво ситуацијата. Не е добро да зависите од туѓите ветувања и сугестии, зашто досегашното искуство ве научи излезот од кризата да го постигнете со сопствени сили.
Девица
Намалете го трошењето на пари на беспотребни нешта. Мислете на тоа дека треба да имате и некоја заштеда. Во љубовта, разочарани сте од постапките на саканото лице. Не претерувајте со вашите реакции, бидете посмирени. Со нервоза и љубоморни испади ништо нема да постигнете.
Вага
Преокупирани сте со различните обврски, па никако не можете да се опуштите. Време е подобро да го организирате своето време. За слободните ваги почнува идеален период за љубов. Ќе запознаете личност која цело време е тука, во ваша непосредна близина, но вие не сте ѝ обрнувале внимание.
Скорпија
Новиот деловно-финансиски успех делува како голем поттик за вас и вашата околина. Во љубовта потрудете се да ги остварите своите емотивни намери или да придобиете нечија наклонетост. Можеби овој пат ќе треба вие да биде иницијаторот. Не срамете се!
Стрелец
Сакате да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе мора малку повеќе да се потрудите. А, дури и ако не добиете признанија за вашата работа, не се обесхрабрувајте. Продолжете понатаму. Планот што сте го смислиле во врска со љубовта, ќе ви се оствари.
Јарец
Ова ќе ви биде еден лежерен, мирен ден. Затоа, уживајте во него. Во наредниот период ќе добиете повик од повеќе страни во врска со работа и тоа ќе ви ги промени плановите. Би требало да повикате некој во знакот на Риби на посериозен разговор.
Водолија
Чувајте се од превртливи луѓе. Би било добро да не полемизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон некое лице кое ве иритира. Можна е авантура со некој припадник на знакот Рак. Не претерувајте со слатките. Внимавајте на килограмите.
Риби
Засега можете да очекувате мала пауза во работата, па посветете му се на одморањето бидејќи нема да имате премногу обврски. Можно е да ви се допаѓа личност што неодамна сте ја запознале, меѓутоа не сте сигурни како да ѝ пријдете.