14:39 - 9 ноември, 2026

Хју Грант го поддржува принцот Хари: Медиумите ја убија мајка му, а сега му ја распнуваат жената

Хју Грант во последното интервју ја поддржа одлуката на принцот Хари за повлекување од должноста од британското кралско семејство.

„Јас сум на страната на Хари. Таблоидите ја убија мајка му, а сега му ја распнуваат жената. Мислам дека негова должност како маж е да си го заштити семејството, така што го поддржувам“, рече 59-годишниот глумец во интервјуто за Сириус ХМ.

Тој ја потсети јавноста на околностите за смртта на принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа додека бегаше од папараците.

Хју Грант е активист кој се бори против мешање на медиумите во приватните животи на ѕвездите, но и на обичните луѓе. Од друга страна и принцот Хари неколкупати зборуваше за нападните медиуми, кои делумно се одговорни за смртта на неговата мајка.
„Секогаш кога ќе видам камера, секогаш кога ќе слушнам „клик“, секогаш кога ќе видам блесок, во истата секунда тоа ме враќа назад“, рекол принцот.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....