13.8 C
Скопје
16:38 - 17 октомври, 2026

Хана Хуљиќ конечно откри како се заљубиле со Петар Грашо: „Во тој момент и двајцата…“

Хана Хуљиќ Грашо ретко зборува поопширно за приватниот живот, но сега откри како започнала нејзината љубовна приказна со хрватскиот музичар Петар Грашо, како изгледа нивниот семеен живот и дали размислуваат за уште деца.

Во интервју за „ИН магазин“ се присетила на моментот кога таа и Грашо сфатиле дека нивниот однос повеќе не е само пријателски. Хана вели дека сè се случило во периодот кога двајцата излегле од долгогодишни врски. Инаку, Грашо е 14 години постар од Хана.

„Го паметам тој момент затоа што се случи заемно и се случи во моментот кога двајцата ги завршивме своите долгогодишни врски. Тоа беше момент на сознавање што не сакавме да го сознаеме и беше доста чудно. Всушност, нам сето тоа ни беше чудно и дури денес всушност гледам колку сето тоа требаше токму така да биде“, раскажала Хана.

Денес се во брак и се родители на четиригодишната Алба и двегодишниот Тони. Иако Грашо многу патува поради концертите, Хана вели дека се обидува да помине што е можно повеќе време со семејството.

„Тој толку многу го сака она што го прави и тој е тоа што го прави. Јас никогаш од него не сум барала да престане да биде тоа, а колку е дома наспроти тоа колку не треба да биде дома е всушност фасцинантно“, рекла таа.

Хана открила и дека Грашо по настапот често веднаш се враќа дома за да помине што е можно повеќе време со неа и децата.

„По концертот во Словенија тој во еден часот наутро се упати дома, доаѓа во четири-пет часот наутро за следниот ден да биде со нас, бидејќи задутре повторно оди некаде. Тој е толку посветен. Доаѓа дома, готви ручек, прави вечера и продолжува на работа и нему сето тоа му е лесно.“

Хана проговорила и за можноста за проширување на семејството. Таа вели дека со две деца се чувствува целосно остварена како мајка и дека во моментот не планира трето дете, но таа можност не ја исклучува.

„Сега сум целосно остварена како мајка и мислам дека тие двајца се сосема доволни, особено колку се неверојатно енергични и не знам како мојот организам би издржал уште една таква енергија. Но, мислам, еве, да се случи, секако, нека се случи. Ако остане и вака, ова е всушност токму она што го планирав, па ќе видиме дали моите планови ќе се остварат.“

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....