Тони Бијелиќ, поранешен сопруг на српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ, ја продал луксузната недвижност во Опатија, дознава српски „Курир“. Куќата што овој бизнисмен ја купил во втората половина на 2023 година, отишла во туѓа сопственост поради наводни долгови.
„Тони е во сериозни финансиски проблеми. Тој не би ја продал таа куќа ако не мора. Единственото решение за брзо да ги добие парите што му се потребни за да ги реши своите проблеми било да ја продаде“, рекол извор близок до Тони.
Инаку, кога јавноста дознала за оваа купопродажба, Бијелиќ не криел дека не станува збор за обична куќа за одмор, туку, како што изјавил тогаш, за „нова деловна резиденција“. Токму оваа формулација предизвикала голем интерес, бидејќи луксузната вила се наоѓа на една од најатрактивните локации на хрватскиот брег.
На прв поглед, јасно е дека оваа недвижност не е градена според стандардите на просечните вили. Се протега на дури четири ката, а секој дел од објектот е дизајниран да обезбеди максимална удобност, приватност и репрезентативен изглед.
Самиот пристапен пат остава силен впечаток. Вилата има два посебни влеза, едниот води директно од гаражата, додека другиот овозможува пристап од задната страна на големиот двор, што дополнително придонесува за функционалноста на целиот комплекс. Ваков распоред често се гледа во луксузните резиденции кои, покрај приватниот живот на сопственикот, се користат и за деловни состаноци или прием на гости.
Посебно внимание привлекува надворешноста на вилата, која повеќе потсетува на ексклузивен хотелски комплекс отколку на приватна куќа. Во пространиот двор се наоѓа голем базен, кој претставува централен дел од просторот наменет за одмор, додека дополнителна доза на елеганција дава декоративна фонтана.
Околу базенот се уредени делови за релаксација, а неколку тераси се опремени со маси и гарнитури за седење, па просторот е идеален за уживање во текот на топли денови или вечерни дружења. Сè е уредено за да се обезбеди чувство на целосна приватност, што е особено важно за сопствениците кои сакаат да бидат подалеку од очите на јавноста. Не е случајно што Бијелиќ ја избрал токму Опатија за својата нова резиденција.
