7.8 C
Скопје
09:53 - 30 март, 2026

ГРАЈМС ГО ОСТАВИЛА ИЛОН МАСК И ИМА НОВА ЉУБОВ: По раѓањето на Екса Дарк Сидерел пејачката е во врска со контраверзна активистка

илон маск грајмс

Љубовниот живот на Илон Маск станува комплициран. Сега веќе неговата поранешна партнерка, пејачката Грајмс, повторно ја кажа веста дека станале родители на девојче по име Екса Дарк Сидерел, односно скратено Y.

Во интервју за Vanity Fair, пејачката Грајмс откри дека таа и милионерот Илон Маск имаат тримесечна ќерка, нивно второ дете. Девојчето е родено во декември од сурогат мајка, а парот веќе има и син кој го нарекле X Æ A-Xii.

Y пристигна на светот неколку месеци откако Грајмс и Маск раскинале по тригодишна врска, а се пишуваше дека Маск има нова девојка.

Во меѓувреме, наводно се смириле, а најново е дека пејачката Грајмс среќата ја нашла во прегратките на Челси Менинг по раскинувањето на врската со Маск. 

Челзи Елизабет Менинг, родена под името Бредли Едвард Менинг, е американска активистка. Од 2007 година, Менинг служела во Армијата на САД, а откако добила официјален пристап до голем број тајни документи, таа ги предала на Викиликс. Во 2010 година, беше приведена од американските власти, а во 2013 година беше осудена на 35 години затвор.

Сепак, поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во 2017 година ѝ ја скратил казната после неколку нејзини обиди за самоубиство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsea E. Manning (@xychelsea87)

– Нивната врска станува сериозна. Тие живеат заедно во Остин, известуваат американските таблоиди.

 

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....