3.8 C
Скопје
23:24 - 20 декември, 2024

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ТРАНСПЛАТАЦИЈА НА СВИНСКО СРЦЕ: Жената не можела да дојде при себе кога видела кој е пеациентот – „Се здрвив, со години минувавме низ трауми поради него…“

Пред три дена сензационалната вест го обиколи светот дека на срцев пациент од Мериленд му било пресадено срце од генетски модифицирана свиња. Тоа беше првата успешна трансплантација на свинско срце на човек, а приказната за пациентот Дејвид Бенет (57) доби интересен заплет, пишува Јутарњи лист.

(ФОТО) СВЕДОЧИМЕ ИСТОРИЈА: Генетски модифицирано срце од свиња беше пресадено во човек

Лесли Шумакер Дауни била дома и ги чувала своите две внуци кога добила порака на мобилниот телефон, пренесува Вашингтон пост.

Нејзината ќерка ѝ испратила линк до статија за 57-годишен маж со терминална срцева болест, кој добил генетски модифицирано свинско срце три дена претходно во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд.

„Каков голем напредок за науката…“ си помислила Дауни додека го читала насловот. Потоа повторно и заѕвонил телефонот.

„Мамо…“ рекла нејзината ќерка, велејќи и да погледне внимателно на името на мажот.

Таа се замрзна. Човекот наречен „пионер на медицината“, Дејвид Бенет, беше истиот човек кој во 1988 година беше осуден за седум пати прободување со нож на нејзиниот помал брат кој остана трајно парализиран од повредите. Едвард Шумакер ги поминал следните 19 години во инвалидска количка пред да доживее мозочен удар во 2005 година и да умре две години подоцна, една недела пред неговиот 41 роденден.

„Ед страдаше“, изјави Дауни за Вашингтон пост.

– Со години поминуваме низ трауми, целото семејство мораше да се справи со тоа – додаде таа.

Според нејзините извори, откако Бенет излегол од затвор по отслужувањето на казната за напад со нож, „тој продолжил да живее мирен и удобен живот“.

„Тој сега има втора шанса со ново срце, но посакувам, барем според мене, втората шанса да му припаднеше на некој што ја заслужува“, рече Дауни.

Повеќе од 106.000 Американци се на државната листа на чекање за трансплантација на органи, а 17 луѓе умираат секој ден без да го добијат потребниот орган. Соочени со таков недостиг, на некои семејства може да им се чини дека е бескрупулозно да им се обезбедат на осудените за насилни злосторства спасоносна интервенција која на многумина очајно им е потребна.

Но, повеќето лекари не го делат тој став. Не постојат закони или прописи кои забрануваат некој со криминално минато да биде кандидат за трансплантација или да се подложи на експериментална процедура.

„Клучниот принцип во медицината е да се лекува секој што е болен, без разлика кој е или каква е неговата историја“, вели Артур Каплан, професор по биоетика на Универзитетот во Њујорк.

– Ние не се занимаваме со одвојување на грешниците од светците. Адвокатската фела се занимава со криминалот – заклучи тој.

Иако ова е официјалниот став на федералните службеници и етичките комитети задолжени за регулативите за трансплантација, на болниците им се дава дискреција на локално ниво. Имено, тие можат да одлучат кои лица ги исполнуваат условите за ставање на наведената листа на чекање.

Често се разгледуваат и други опции, вклучувајќи историја на злоупотреба на супстанции или ризик на затвореникот да развие инфекција додека е во затвор.

Медицинските етичари тврдат дека кривично-правниот систем наметнува затворска казна, враќање на отштета, или друга казна за оние кои се осудени за тешки кривични дела. Укратувањето на медицински услуги не е дел од таа казна, тврдат тие.

Таа поделба меѓу правниот и медицинскиот систем постои со добра причина, вели Скот Халперн, професор по медицинска етика на Универзитетот во Пенсилванија.

„Имаме правен систем осмислен да одреди накнада за злосторства“, рече тој, додавајќи дека постои здравствен систем кој има за цел да обезбеди грижа без оглед на личниот карактер или историја на луѓето.

Претставниците на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд одбија да кажат дали знаат за криминалното минато на Бенет.

Во писмената изјава, официјалните лица рекоа дека болницата во Балтимор обезбедува „грижа за спасување на секој пациент што ќе влезе низ нивната врата врз основа на медицински потреби, а не на нивното минато или животните околности“.

„На овој пациент очајно му требаше трансплантација“, велат претставниците. Тие тврдеа дека одлуката за неговата соодветност за трансплантација била донесена исклучиво врз основа на неговите медицински досиеја.

Веднаш по историската деветчасовна операција, лекарите на Бенет рекоа дека предложиле експериментален пристап затоа што сметале дека Бенет не ги исполнува условите за нормална трансплантација на човечко срце.

Синот на пациентот со свинско срце, Дејвид Бенет Џуниор, кој работи како физиотерапевт во Северна Каролина, рече дека неколку болници одбиле да го стават неговиот татко на листа на чекање бидејќи тој не ги следел медицинските инструкции во минатото и не одел на редовни прегледи. Тој, исто така, не ги земал своите лекови редовно.

Бенет почнал да забележува симптоми на срцева слабост во октомври. На почетокот на ноември, тој бил однесен на Универзитетот во Мериленд. Додека Бенет се подготвувал за можна смрт, неговиот син се распрашувал за можностите да им помогне на другите со тоа што можеби ќе ги донира органите од татка си или на некој начин помагајќи да се унапреди медицината.

Грифит изјави за Њујорк Тајмс дека му понудил на Бенет опција свинско срце во средината на декември.

„Не можеме да ви дадеме човечко срце; не ги исполнувате условите. Но, можеби можеме да искористиме животинско срце, односно свинско срце“ – изјави Грифит.

Тој додаде дека му објаснил дека тоа никогаш претходно не било направено, но дека верува во успехот на трансплантацијата.

– Не бев сигурен дека ме разбира. А потоа праша: „Дали тоа значи дека ќе почнам да грофтам?“ – се присети шефот на операцијата Бартли Грифит.

За време на новогодишната ноќ, федералните власти дале итна дозвола за експерименталниот процес.

– Или ќе умре или ќе успееме да ја извршиме оваа трансплантација. Нема други опции, изјавил Бенет Џуниор ден пред операцијата.

Дотогаш, таткото, Бенет, бил врзан за кревет со недели.

„Сакам да живеам“, велел, сфаќајќи дека оваа операција не била негова втора шанса за живот, туку трета.

Имено, пред повеќе од 30 години, Бенет бил прогласен за виновен за напад и носење скриено оружје откако Шумакер бил избоден со нож.

Тој бил осуден на 10 години затвор и дополнително требал да плати отштета. Казнено-поправниот оддел не можел да каже колку години одлежал Шумакер дури и кога бил ослободен „бидејќи случајот е застарен“. Дауни рече дека мисли дека тој одлежал само околу пет години.

Шумакер и неговото семејство го тужеа Бенет, кому му беше наложено да плати отштета од 3,4 милиони долари. Дауни рече дека нејзините родители никогаш не добиле „ни пара“ од тужбата.

Додека Дауни читала за човекот што го фалат поради неговата храброст, таа мислела на неискажливата болка што тој ѝ ја нанел во животот.

Дауни не ја негира важноста на трансплантацијата, но рече дека е „болно да се гледа како луѓето го нарекуваат Бенет херој“.

„Тие му дадоа уште една шанса за живот, но мојот брат Ед не ја доби“, коментира Дауни.

Таа прочитала бројни написи за трансплантација, но никогаш не го прочитала името на нејзиниот брат.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....