22:58 - 7 ноември, 2026

КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНАВИРУСОТ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР: Проследете ги истражувањата

Unsplash

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека ковид -19 се пренесува во затворен простор, а најновите истражувања покажаа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите се заразиле со коронависрусот на отворено, главно на концерти и спортски настани, објави денес Хина.

Во студија спроведена на 25.000 случаи, која сè уште не е разгледана, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде што луѓето некое време престојувале и се движеле, зборувајќи гласно или пеејќи.

– Не идентификувавме скоро никакви случаи кои би биле поврзани со секојдневниот живот на отворено, изјави авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери во Кент.

Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку во затворен простор.

Покрај британците, во студијата учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

– Ризикот е помал затоа што вирусот е разреден во атмосферата, нешто слично се случува како кај чадот од цигари – заклучува експертот.

Стив Илеге, генетичар и експерт за вируси на Харвард, рече дека „сè уште не е познато колку аеросол се неопходен за инфекцијата, но колку е посилен, толку е поголема можноста од инфекција“.

Хина додава дека времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор.Теоретски, можно е лицето да се зарази на отворено.

– Нема докази дека вирусот корона се пренесува со поминување на луѓе на отворено. Кога поминуваме покрај луѓето, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал – заклучи група експерти.

Во јули, во студија од Кина, од 7.300 луѓе, само едно лице се заразило на отворено за време на разговор со заразен човек, објави „Њујорк тајмс“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....