02:02 - 12 јули, 2026

ЃОКОВИЌ Е САМО ЕДЕН ВО НИЗАТА СЛАВНИ ЛИЦА НА КОИ АВСТРАЛИЈА ТРЕНИРА СТРОГОСТ: Еве кои ѕвезди експресно биле депортирани од земјата

Новак Ѓоковиќ не е првата, ниту последната славна личност на која Австралија со сета сила и ја тресна вратата во лице. Тоа е земја која е добро позната по тоа што многу често ја демонстрира силата на својот правен систем врз познатите, богатите и моќните. Исто така, општо е познато дека Австралија е меѓу земјите со најстроги гранични протоколи за корона, дури од неодамна нивните граѓани можеа да патуваат, а некои семејства се обединија за прв пат по 18 месеци.

Австралиската царина и граничната полиција дефинитивно се едни од поригорозните во светот. Тие го испитуваат секој странец кој влегува во Австралија до најситен детал и детално го пребаруваат неговиот багаж.

Тоа добро го почуствува на своја кожа и холивудската глумица Амбер Херд, заедно со Џони Деп. Поранешниот славен пар кога во април 2015 година полетаа со нивниот приватен авион за Бризбејн, Австралија, во авионот носеле и два Јоркширски териера, кои Амбер не ги пријавила во австралиската царинска служба кога пристигнала. Џони Деп пак, таму го снимаше петтото продолжение на Пиратите од Карибите, па кучињата им биле земени и однесени во еден од локалните салони за нега на кучиња. Така започнала измачувачка повеќемесечна битка меѓу холивудските актери, цариниците и тогашниот вицепремиер Барнаби Џојс. Тој започна медиумска војна со славниот пар, а таа до тој степен се засили што дури и се закани дека државата ќе ги еутаназира кучињата доколку не бидат изнесени од државата. Кучињата на крајот беа изнесени од Австралија, а Амбер Херд беше обвинета по две точки од обвинението за нелегално пренесување кученца и покажување лажни документи. Австралиските власти на крајот ја отфрлија тужбата откако Деп и Херд снимија видео во кое ги промовираа австралиските закони за биолошка сигурност.

Само признавањето на вината го спаси од австралискиот затвор американскиот актер Силвестер Сталоне кој за време на промоцијата на филм во 2007 година понел со себе некакви хормони кои биле забранети во земјата. По пристигнувањето на аеродромот, цариниците ги откриле хормоните во куферот на Сталоне, и австралискиот суд го казни со 2.500 долари поради незаконско внесување на 48 шишиња хормони.

И на познатиот англиски пејач Џо Кокер, Австралија му оставила горчлив вкус во устата кога бил депортиран за време на турнеја во 1972 година. Кокер и пет членови од неговата придружба биле уапсени поради поседување марихуана за време на настап во Аделаида, по што поминале часови во затворска ќелија и биле ослободени дури откако секој од нив платил кауција од 300 долари.

Британскиот музичар ја продолжил турнејата, продолжил да настапува, а потоа следувал инцидент во кој бил уапсен поради наводен напад на тогашната девојка во фоајето на хотелот Шато Комодор. Тогашниот министер за имиграција, Џим Форбс, го откажал остатокот од турнејата на Кокер и му кажал на музичарот дека има четири часа да ја напушти земјата.

На раперот Крис Браун му била одбиена визата ден пред почетокот на продажбата на билетите за неговата турнеја. Не добил виза поради семејно насилство, односно поради пресудата од 2009 година за напад на тогашната девојка, поп ѕвездата Ријана. Министерката за женски прашања Михаилија Кеш тогаш изјави дека луѓето како Браун не се добредојдени во Австралија. Според австралискиот закон, визата може да биде одбиена за секој кој е осуден на затворска казна од една година или повеќе.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....